ШЕЈК ОД ЈАБОЛКО И БАДЕМИ

Бадемите се крцкави и не само тоа тие се вкусен извор на незаситени масни киселини, протеини, растителни влакна, витамин Е, калциум и други хранливи материи.
Исто и јаболката! Овде се комбинирани јаболката и бадемите за да се добие вкусен и сладок десерт во чаша – Се надевам дека ќе ви се допадне.
Состојки:
-200 мл млеко по ваш избор ( 0,9 или 3,2 масленост)
-1 јаболко
-1/2 банана
-2 гр цимет
-5 гр мелени бадеми
Подготовка:
Во блендер ставете ги сите состојки, додадете и коцки мраз по ваш избор. Матете додека јаболкото не омекне.
Додадете повеќе млеко ако сакате да бидете потечно. На крајот посипете со малку цимет.
Нутритивни вредности:
Енергетска вредност: 151 kалории
Протеини: 84 гр
Масти: 3,3 гр
Јаглехидрати: 13,7 гр