Шминка во стил на 80-тите

Модата се менува но стилот на шминка од 80-тите останува популарен до ден денес. Младите девојки се враќаат на ретро модата и повторно експериментираат со овој стил.
Доколку сакате да го испробате овој изглед од крајот на минатиот век, еве неколку корисни совети.
Пилинг за лице
За почеток направете нежен пилинг, со цел да ги затегнете борите на лицето.
Исушете го лицето нежно тапкајќи со крпа, а потоа нанесете тенок слој на крем за да ја задржите кожата хидрирана и да обезбедите мазна површина за шминка која потоа ќе ја нанесете.
Течна пудра
Многу е важно да го изберете вистинската пудра која ќе одговара на бојата на вашето лице. Најчесто се користи пудра една нијанса посветла од тонот на вашата кожа.
Ставете неколку точки на брадата, носот, образите и челото и втријте ги на лицето и вратот со кружни движења. Откако пудрата сосема ќе се исуши, отстранете го вишокот околу устата, веѓите и рабовите на косата.
Шминка на очите
Од најпопуларните бои на сенка за очи од времето на 80-тите години се кафеава, зелена и сина боја. Земете три различни нијанси на боја по ваш избор.
На пример, ако користите кафеава боја, со прсти нанесете сенка на очните капаци од трепките до веѓите.Користете темно кафеава за највисокиот врв на очните капаци и проширете ја речиси до крајот на рабовите на очите. Најсветлата нијанса се применува веднаш под веѓите.
Потоа со туш за очи, нацртајте тенка линија веднаш над трепките.
Нанесете два или три слоја на водоотпорна маскара на трепавиците, бидејќи густи трепки беа многу популарни во 80-те. Слојот на маскара треба да биде сув пред да го нанесете следниот.
Блескав изглед
За типична шминка од 80-тите, неопходно е да ги нагласите јагодиците на образите со сјајно бронзено руменило.
Руменилото продолжете го кон ушите. Откако ќе го отстраните вишокот на руменило, ставете бронза кармин и сјај за усни.
Со овој стил на шминка како ѕвезда на 80-тите ќе бидете подготвени за вечерно излегување.