Шминка во фитнес центар

Нанесување на шминка пред тренингот? Големо НЕ – освен што вашите напори ќе резултираат со течење на шминката по вашето лице, и маицата ќе ви биде размачкана од пудрa, руж и кармин.
Неодамна прочитавме дека “повеќе од една четвртина од жените нанесуваат шминка пред посета на фитнес сала”, што резултира со согорување на помал број на калории.
Се разбира, никој не сака да се поти носејќи на себе црвен кармин.
“Носењето шминка во теретана е една од најлошите работи што можете да ги направите на вашата кожа и тен ?? “, велат дерматолозите.
Во комбинација со маснотија и пот, шминката формира слој кој ги затвораат порите, што резултира со митесери, мозолчиња, чирови со боја на пепел и разни алергии.
Неизмиениот слој на маскара и сенка за очи на очните капаци создава чепови на порите кои формираат мали цисти се нарекуваат милиа.
Ако вежбате многу напорно, шминката од очните капаци често се слева во очи.
Кога вежбате напорно, вашите потни жлезди и порите се отворени за да му помогнат на телото да се излади или да испушти топлина.
Само замислете ги слоеви на нечистотијата што се формираат на отвори пори и пот од шминка која претходно сте ја нанесена.
Резултатите се воспаление, акни и митесери. ”
Примена на крема со заштитен фактор е најдобар избор да го одржите на лицето чистпо и влажно, но во прилог на ова постојат и некои други трикови кои можете да ги користите за одржување на беспрекорно лице без да се загрози вашиот тренинг.
БИДЕТЕ БЕСПРЕКОРНО ЧИСТИ
Сите се тушираат по тренингот, но лекарите велат дека е подеднакво важен детал и да го измиете лицето по тренингот но и да го исчистите пред да одите во теретаната.
Ова ќе ги заштити вашиот порите од зачепување, лицето ќе ви биде почисто, и е помалку веројатно дека ќе треба со шминка да ги покриете “недостатоците”.
За мрсна кожа склона кон акни, измијте се пред тренинг некој поблаг производ кој не содржи масти. Пред сушењето, нанесете слој на лицето со навлажнувачки ефект да се задржи влажноста на кожата. Ова ќе ја штити кожата од иритации на соли од пот.
ЗАБОРАВЕТЕ НА ПОДЛОГАТА
Најлошата грешка што можете да направите е да нанесете течна или подлогата во прав. И покрај тоа што е идеална за покривање на недостатоците на кожата, поради потење во текот на тренингот ќе почне да се топи и да се слева низ лицето.
Затоа, постојат и други начини за да се покријат недостатоците, без да нанесувате дебел слој од подлогата.
“ББ и КК водоотпорни креми ја негуваат вашата кожа, а исто така делумно ги покриваат недостатоците и ја штитат кожата од сончевите зраци на патот до салата.
Вие не може да погрешите со такви производи, бидејќи тие ја регенерираат и ја штитат на кожата. Сметајте го ова како мини третман за лице за време на тренингот.
ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА КОСАТА
Токму поради тоа што не е препорачливо да се применува многу шминка, фокусирајте се на вашата коса.
Направете пунџа или трендовски ” јазол”, со цел да ги избегнете прамените залепени на лицето додека вежбате или фатете ја косата во репи ставете си венче најсигурно за шишките и прамените да не ви паѓаат на лицето.
По завршувањето на тренингот, измијте ја коса со благ шампон за да ги апсорбира вишокот на масти.
ОЧИ
Кога зборуваме за очите “smokey изглед” оставете го овој изглед за вечерните излегувања.
Јако или нападно нашминкани очи се поголем проблем од проблемот со кожата.
За очите, се препорачува да користите виткач за трепки и водоотпорна маскара. Во случај да не сакате да ве видат без римел, сенки и подлоги за сенки како и тушеви и креони не се препорачуваат во ниедна нијанса на боја.
“Ако не сакате изглед како Алис Купер, користете водоотпорени производи”. “Ова ќе има доволен ефект, без ризик од размачкување по лицето.”
НЕГА НА ЛИЦЕТО И ВЕЃИТЕ
Визажистите велат дека негувани веѓите може да го поправат севкупниот впечаток и со добра причина. “Само чешлајте ги веѓите и со пиомош на гел за веѓи фиксирајте ги или доколку немате или имате ретки веѓи можете да ги тетовирате или ако веќе ги цртате направете го тоа со водоотпорен молив за веѓи”.
Бидете храбри и нa лицето нанесете само заштитен крем за лице без маснотии, што ќе ве заштити од сончеви зраци и стареењето на сонцето.
Ако имате мрсна кожа, обезбедете се со некои дополнителни помагала.
“Понесете пакет на влажни марамчиња или децки марамици за да бидете во можност да ја избришете за време на тренингот.”
СОВРШЕНИ УСНИ
Жал ни е за љубителките на црвениот кармин, но карминот е најдобро да го оставите дома. Наместо тоа, за да ги задржите вашите усни влажни, нанесете безбојно лабело или гроздова маст за дополнителна хидратација.
ПРИКРИВАЊЕ
Ако вашата кожа е (речиси) без недостатоци, оставете ја да дише за време на тренингот.
Дерматолозите и визажистите инсистираат на тврдењето дека можете употребувате на водоотпорен коректор за да ги прикриете сите недостатоци – кои ги нанесувате само на проблематичните области. На овој начин ќе изгледа природно уз мала помош.
МРСНА КОЖА
Миење на лицето после тренингот е важно за да се исчисти нечистотијата, потта и мртвите клетки на кожата.
Користете благи средства за чистење на лицето, а потоа нанесете слој на крем на кожата со заштитен фактор (30 или повеќе).
Така ќе имате видливи резултати на телото и на лицето после тренингот.