Што да вечерате?

Познато е дека телото побавно ја вари храната навечер отколку во текот на денот.
Ова се случува затоа што нашето тело во текот на денот е навикнато да трпи многу поголем напор и затоа треба да црпи повеќе енергија од храната што ја консумираме.
Со оглед на тоа дека ноќта е време за одмор (барем во повеќето случаи) нашето тело е навикнато поспоро да ја вари храната во текот на ноќта затоа што тогаш ние ја трошиме многу помалку.
Иако многумина мислат дека вечер не треба ништо да јадат, гладот има подеднакво лош ефект врз oрганизмот како и нездравата храна.
Избегнувањето на оброци може да го наруши сонот но и метаболизмот.
Ако дојде до нарушување на метаболизмот од гладување, нашето тело многу поспоро ќе ја вари храната.
Несварената храна се акумулира во телото и доведува до дебелеење. Затоа, важно е да не се избегнуваат оброците, дури ни навечер.
Што не треба да се јаде за вечера?
Се разбира, вечер треба да конзумирате храна која нема да го преоптоварува вашиот стомак, односно лесна нискокалорична храна.
-Конзумирајте зеленчук, бидејќи е многу богат со витамини (со витамини полно е и овошјето, но содржи висок процент на шеќери, штѕо секако не ви требаат во вечерните часови).
-Млечните производи особено јогуртот се секогаш добар избор за вечера.
Млечните производи во големи количини може да доведат до надуеност и болки во стомакот, што сигурно не сакате пред спиење, затоа земете си ја вашата идеална количина и не претерувајте.
– Немасното сирење слободно може да го вклучите во вашата исхрана во вечерните часови.
Можете да го конзумирате со интегрален леб, како и со пченкарен леб или леб од леќа, но не со обичниот бел леб.
-Исто така можете слободно да уживате во други производи од житарки и да ги комбинирате со други здрави производи.
– Месни роизводи може да јадете, но во помали количини. Обидете се да бидат немасни производи или производи со малку маснотии. Дадете приоритет на рибата и пилешкото месо.