Што е витилиго?

Витилиго е пореметување на пигментација во која меланоцитите, кои се одговорни за правење на пигмент, престануваат да работат.
Како резултат на тоа, се појавуваат бели дамки на кожата во различни делови на телото.
Слични дамки, се појавуваат на слузницата на устата и носот, и на мрежницата на окото.
Ако со витилиго се погодени области каде расте косата, и косата ќе стане бела.
Луѓето кои имаат ова нарушување, секогаш треба, без оглед на сезоната, да користат креми со заштитен фактор.
Причината за ова нарушување не е позната, но лекарите и научниците се задржаа на сомнеж за неколку теории. Имунолошката теорија сугерира дека меланоцитите ги уништуваат автоматски антителата.
Според оваа теорија, витилигото е болест, при која имунолошкиот систем реагира против сопственото тело, органи или ткива.
Исто така, постојат тврдења дека луѓето ова нарушување го добиваат поради наследни гени и затоа се подложни на депигментација.
Нервната теорија се базира на тврдењето дека промените во неврохемиските трансмитори предизвикуваат уништување на меланоцитите.
Конечно, третата причина, според мислењето на лекарите се, емоционален стрес и изгореници од сонце.
Овие преципитирачки фактори влијаат на самоуништување на меланоцитите.
Се проценува дека 65 милиони луѓе во светот се погодени од ова нарушување односно 0,5 до 1 посто од населението.
Кај 50 проценти од луѓето, витилигото се развива пред дваесеттата година од животот. Ова нарушување се карактеризира со двата пола подеднакво, и е почеста кај луѓето со потемен тен.
Досегашното искуство покажа дека витилигото е поприсутна кај луѓето со одредени автоимуни болести.
Витилигото исто така може да биде наследна. Децата чии родители го имаат ова нарушување се со поголема веројатност да го наследат.
Всушност, 30 посто од луѓето со ова нарушување имаат некој од семејството кој боледува од оваа болест. Сепак, само 5 до 7 проценти од децата ќе заболат од витилиго, дури и ако родителите ја имаат истата болест.
Закрепнувањето од витилиго е многу побрзо кај децата отколку кај оние кај кои болеста се јавува на возраст од четириесет години.
Кај постарите лица, појавата на бели флеки може да значи паранеопластична дерматоза.
На луѓето кои го имаат ова нарушување им се препорачува витаминска терапија, која вклучува храна богата со витамин Ц и фолна киселина, бета-каротен и витамин А.