Што е Пилатес?

Концептот на градијален и терапевтски ефект врз мускулите е развиен од страна на германскиот тренер Џозеф Х. Пилатес во 20-тите години на минатиот век,.
Како и многу други поединци како Моше Фелденкраис, Матијас Александар, Mебл Тод, Рудолф Лаван и други, и пилатесот својата техника ја разви и промовира преку гледање на промени на сопственото тело.
Самиот метод вклучува околу петстотини различни вежби кои се изведуваат на опрема, од кои некои се специјално дизајнирани.
Пилатесот е многу популарен меѓу танчерките и изведувачките, поради неговата специфично третирање на мускулната маса, а и самиот Џозеф Пилатес работел како официјален физиотерапевт со балерини, циркуски танчерки и војниците за време на Првата светска војна.
Постојат две верзии пилатес вежби кои се наменети за различни потреби на вежбачите : Фитнес пилатес и рехабилитациски пилатес.
Она што е сигурно заедничко за двете насоки, се однесува на методологијата на овој интересен концепт за развој на телото, а тоа се компонентите од кои Пилатес методите се состојат: принципи, вежби и опрема.
Принципи
Пилатес е фузија меѓу Западните и Источните физички систем, што го прави уште посложен отколку повеќето западни популистички систем “за убавината на вашето тело”, а сепак е сосема далеку од источниот систем во кој човечкото тело не се третира одделно од психата, религијата, филозофијата.
Она што пилатес методот го процесира, посебно го позајмува од источниот систем е: дишењето во согласност со движењата на телото, механиката на телото, рамнотежата, координацијата, правилна позиционирање на телото, свеста за просторот, моќта и флексибилноста.
Вежби
На прв поглед, пилатесот и јогата делуваат многу слично. Се разбира, ако се потпреме на визуелен и гимнастички аспект.
По пристапувањето кон вежбањето и двете дисциплини ги третираат индивидуално вежбачите, а компетитивноста при вежбањето се сведува на минимум.
Самиот метод се состои од различни движења на истегнување со што се создава голема флексибилност и координација на мускулната маса, која влијае на способноста за подобра ориентација во просторот.
Сите вежби се изведуваат многу бавно, без нагли движења или потскокнување во место, што не ги прави лесни за изведување од другите популарни форми на вежбање, бидејќи се работи за изометрични вежби кои бараат издржливост.
Треба да се напомене дека кај ваков вид на тренинг волуменот на мускулите не се зголемува, туку станува еластичен, вретенест и флексибилен.
Понекогаш е многу сличен на бутох вежбите, затоа што исто така бара крајни позиции. ‘Рбетот и зглобовите многу добро се третираат при вежбање на Пилатес.
Опрема
За вежбање пилатес доволно вие и класичната подлога, слична како во гимнастичките и балетски сали.
Сепак за целосно и комплетно вежбање потребни ви е опрема за истегнување и опрема со која вежбате гравитација, а нивните имиња ви ги даваме на англиски јазик: reformers (реформатори), circles (кругови), cadillac/trap table (Кадилак маса) , wunda chair (вунда стол), pedipull (педипул), barrels (буриња), ladder barrel (скали за бурињата).
Фитнес пилатес
Овој тип на пилатес е наменет за луѓе кои сакаат едноставно да подобрат некои аспект од нивната физичка форма, како што се здравјето, спортската подготовка или потребата да се поправи некој дел од држењето на телото (на пр. лошо и подгрбавено држење итн.)
Инструктори на овој правец најчесто се: танчери, фитнес тренери, Александар инструктори и инструктори по јога или аеробик.
Се практикува по разни телесни повреди, и треба да се врши под буден надзор на стручно лице за вежби за рехабилитација.
Вообичаено е да вежбате се изведуваат на апарати.
Инструкторите најчесто се: физиотерапевти, остеопати, киропрактичари и пилатес инструктори со искуство и во соработка со некои од овие специјалисти.
Рехабилитациски пилатес
Се практикува по разни телесни повреди, и треба да се врши под буден надзор на стручно лице за вежби за рехабилитација.
Вообичаено е да вежбате се изведуваат на апарати.
Инструкторите најчесто се: физиотерапевти, остеопати, киропрактичари и пилатес инструктори со искуство и во соработка со некои од овие специјалисти.