Што зборува за вас бојата на лакот за нокти?

Дури и изборот на лакот за нокти може да ги открие скриените црти на личноста. Дознајте кој избира црвен, беж, жолт или розов лак за нокти.
СИН ЛАК: БЕСТРАШНИ СТЕ
Забавната жена што е подготвена да експериментира, да отстапи од нормите, ќе ги избои ноктите во некоја нијанса на син лак. Не е важно дали се работи за тегет, кралска сина, светлосина… Таа секако ќе го привлече вниманието на себе.
ЦРВЕН ЛАК: МИСТЕРИЈА И РАСКОШ
Традиционално, црвената е боја на гламурот. „Таа е најзаводливата боја од сите“, вели Леатрис Ајземан, експерт за толкување бои. Иако дамите имаат можност да експериментираат и да пробуваат најразлични нијанси, повеќето се враќаат на црвената, кога се работи за маникир. „Тоа е некој вид носталгија, традиционализам. Со други зборови, црвената ја избираат личности што сакаат да привлечат внимание на себе во сексуална смисла“, објаснува Ајземан.
ТЕМНОБОРДО: СОФИСТИЦИРАНИ СТЕ
Темна како бојата на виното е всушност комбинација од традиционално црвената и модерната розова боја. „Тоа е елеганција на највисоко ниво“, вели Ајземан, додавајќи дека овие тонови се резервирани на „висока мода меѓу лаковите“.
ЗЛАТЕН ЛАК: ВИЕ СТЕ ИНТРИГАНТНА ЛИЧНОСТ
Металик-боите често се „in“ и „aut“ во светот на модата, а така е и со лаковите за нокти. Тие, особено златната боја, се предизвик и за личноста што има такви нокти и за оној што ги забележува.
ЛАК СО СВЕТКИ: ДИНАМИЧНА ДАМА
„Технологијата е толку напредна што сега постојат лакови со различни додатоци, перлички, ѕвездички, срциња. Така можете сите нокти да ги налакирате со овој екстравагантен лак, но и само по два нокта на секоја рака. Во секој случај, се работи за весела, динамична личност што сака да ја забележите“, вели Ајземан.
НЕУТРАЛЕН ЛАК: ЛИЧНОСТ НА КОЈА МОЖЕТЕ ДА СМЕТАТЕ
Изборот на „незабележливи“ тонови ја карактеризираат личноста што е стабилна, лојална. Овие лакови се многу практични бидејќи траат подолго.
ЗЕЛЕН ЛАК: ВИЕ СТЕ ДИНАМИЧНА ЛИЧНОСТ
Зелената е многу комплексна боја, која можете да ја користите на неброено многу начини. Има толку убави тонови на зелената што ако таа ви е омилената боја, можете да ја користите во многубројни ситуации. „Таа е силна боја со голема моќ“, објаснува Ајземан.
ЖОЛТ ЛАК: ОПТИМИСТ ПО ПРИРОДА
Оваа боја се врзува за топлина и за сонце. Впечатлива е и не можете да ја игнорирате, особено ако ја бирате нијансата на канаринец. Кога ќе ги налакирате ноктите, како да велите: Јас сум среќна и отворена кон сите на светот.
ПОРТОКАЛОВ ЛАК: БЕЗГРИЖНОСТ
Како и жолтата, пороткаловата е боја што „паѓа во очи“, таа е топла и егзотична.
ВИОЛЕТОВ ЛАК: КРЕАТИВНОСТ
Виолетовата боја и сите нејзини нијанси се најкреативната боја на палетата. Таа е сложен микс од црвена и сина, а заедно се единствена комбинација и ја избираат луѓе што сакаат едноставност и креативност.