Што мислат жените за машкото тело ?

Што им е на жените најпривлечно на машкото тело? Им пречи ли ако е тој проќелав или буцмаст? Еве што за сексипилноста на машкото тело изјавиле повеќе од 2000 испитанички од поубавиот пол.
Уредниците на американскиот магазин Glamour спровеле анкета меѓу младите ,полно активни жени , истражувајќи што мислат за различните аспекти на машкиот изглед. Па,иако скоро на сите личноста им по важна од изгледот , сепак изгледот се покажал како многу важен.
Пример ,иако на 80% од испитаните Американки не им е важно ако мажот е ќелав или почнува да ја губи косата сепак за 20% од нив тоа е главен фактор поради кои ќе го одбијат.
Еве едно искуство:
“ Се забавував со маж кој поради знаците на ќелавост постојано ја бричеше главата.
Никогаш пред тоа не сум била со ќелав маж , но неговата личност ме привлече така да за ќелавоста не размислував.
Секако понекогаш би погледнувала мажи со убава коса и посакував низ неа да ги провлечам прстите. Но тој сакаше да биде ќелав па така и мене неговата глава ми стана многу еротична. Да се допре беше како да милувам многу мека кожа.
Елиза (23)
Што се однесува до виткоста и телесната кондиција , окулу 22 % од жените многу сакаат мускулести мажи, 42 % ги сакаат ,но сметаат дека глетката е толку ретка така да тоа не го сметаат за битно , 8 % од испитаничките мислат дека мускулите се фактор кои ги одбива а 28% повеќе би сакале да бидат со мажи кои имаат нормално тело.
Се забавував со снагатор :
Мојот бивши беше професинален body builder – признавам дека неговото тело не одржа заедно подолго отколку што требаше. Тој беше во теретана 7 дена во неделата така да ако не вежбавме заедно , едвај и да го гледав. Јадеше само печено пилешко,туна… толку за романтичната вечера.Но затоа јас полудував по него чим ќе ја соблечеше кошулата. Имаше совршено обликувани мускули. А сето тоа ми се чинеше како исклучително сензуално во креветот.
Секако , уживав одејќи до него додека имаше кошула која го откриваше телото.Се чуствував како – Еј ,погледнете ме ! Тука сум со тип кои што може да изведува склекови на една рака.
Тереза ( 27 )
Кога станува збор за насобраноото сало на колковите или стомакот , 88% од жените велат дека не би им сметало но 12 % од жените се ужаснати од оваквата фигура.
Се забавував со дебел тип :
“ Еднаш бев со човек кои што имаше триесетина килограми повеќе. Од почетокот не ме привлекуваше но со текот на времето страшно ми се допадна , бевме заедно. Морам да признаам дека ми беше некако срам да го покажувам на пријателите и по меил им испраќав слики на кои излегол убаво.
И тој на почетокот беше некако срамежлив.
Требаше да излеземе шест пати за да ме бакне а додека се наведнував си помислив “ Како ли ова ќе испадне ? Ќе ни попречува ли неговиот стомак “? Но испадна прекрасно.
Иако беше дебел телото му беше цврсто, па се чувствував како да ме зграбил голем, силен бик. Во креветот воопшто не се срамеше од своето тело и тоа ми помогна да бидам подполно слободна.
Сара ( 34 )
Окулу 45% од жените посакуваат мажот да биде подеднакво виток како и тие.40 % од жените сакаат мажите да бидат во подобра кондиција од нив , а 15% од жените најмногу сакаат мажи кои што се однесува до формата , да бидат по запуштени од нив ( наводно било добро за егото ).
Се забавував со слаб маж :
Мажот во кој се заљубив стана веган , ослабна 10 килограми и почна да носи беретка.
Кога го допирав чувствував како да допирам, нешто ладно ковчесто, се плашев дека би можела да го здробам. Губитокот на килажата му је измени неговата привлечност.
А тука е и неговата опсесија со килтот – ковчести колена и слично – во него одеше и на свадбата кај моите италијански пријатели.
Бека ( 27 )
Што се донесува до висината ; 84 % од жените посакуваат мажи повисоки од нив додека само 16% сметааат дека висината не е важна.
Се забавував со маж понизок од мене :
Висока сум 175 цм, па ако ги елиминирав сите по ниски мажи тоа би значело да ја елиминирам половина од популацијата. Еден од моите дечковци имаше само 159 цм.
Морам да призанаам дека заедничкото туширање воопшто не ме привлекуваше.
Но во кревет висината и не беше многу важна. Беше добро граден, така да додека лежеше на мене делуваше многу силно.
А беше и многу самоуверен. Сем тоа мислам дека пониските мажи имаат подобар смисол за хумор од другите. А да се смееш со некого е многу поважно од носењето на високи петици.
Мери ( 34 )
Кои мускули се најсексипилни ?
50 % од жените сметаат дека се тоа бицепсите и рацете , 14 % мисли дека се тоа стомачните мускули, 18% мускулите на градите , 9% тоа го мисли за мускулите на грбот и 9% за мускулите на нозете и задникот.