Што повеќето жени ги привлекува кај мажите?

Уште од рана возраст, кога жените седеа дома и одгледуваа деца а мажите со лак и стрела убиваа животни за храна, стана кристализирана една машка особина која и ден денес не го загуби своето место на врвот од најпосакуваните особини – СИЛАТА.
Со цел да го нахрани своето семејство, да се заштити себе и своите најблиски, да ја заштитат својата земја … мажот морал да биде силен, здрав, издржлив на физички напор, исцрпни вежби, кои го обликуваа машкото тело за тој да може да поднесе тешки работни задачи .
Зошто на некои мажи веднаш “се палиме” и самиот поглед во нив предизвикува интензивна физичка реакција – брзо чукање на срцето, испотени дланки, нервоза,еуфорија, радост, …. додека други не оставаат “ладни”? Се работи само за она што го нарекуваме природна или надворешната убавина.
Колку жените денес на мерило ја ставаат смислата за хумор, интелигенцијата и така натаму. Да се соочиме со фактот дека физичкиот изглед е она што за прв пат го забележуваме кај луѓето околу нас. Да би жената воопшто дојде до сознание дека сте шармантни, духовити или добитник на Нобеловата награда, прво треба да ве измерка.
Просечниот дебеличок сметководител / програмер / банкар е тешко да се издвои од масата на луѓе и да каже WOW има толку обликувани прсти од работата на тастатурата … ! Тоа е лик што ќе го ставиме во реклама на Zabа , но не и на реклама за Old Spice или Axe. Истиот тој сметководител / банкар / програмер ќе се издвои од толпата ако има силно тело, исклесано во блискиот фитнес клуб, на базен, или е член на фудбалска или кошаркарска екипа .
Ако веќе во првите редови на овој текст кимкате со главата и мислите дека не постои теоретска можност да се смени нешто, дека ви се потребни околу три животот да се набилдате како Рамбо, Терминатор или трета личност наметната од страна на Холивуд – Грешите! Жените не сакаат типови наклукани со стероиди ниту надуени момци.
Огромни раце со кој во 5 потези ќе се исплива Ла Манш би заплашиле секого. Исто така не се пожелни ниту оние оние кои кога ќе седнат окупираат две седишта во театарот, затоа што пречникот на нозе е еднаков на ширината на столот. Поентата е како што не е убаво да се видат опуштени мускулите, големи колковите или пивски стомак, не е ни толку убаво да се има гигант покрај себе од кој што ќе се плашат малите деца во паркот.
Истражувањата покажуваат дека жените преферираат мажи со дефинирано тело, со мускули (81%), слабите 1 %, набилданите имаат (8%) и дебели мажи сакаат само 3% од жените.
Какви мускулите се најсекси?
50% од жените сметаат дека тоа се бицепс и раце, 14% од нив се за стомачните, 18% на градите, на грбот 9% и 9% во нозете и задникот.
Значи, не ви преостанува ништо друго освен да се фрлите на подот и да направите неколку склекови. Кога ќе завршите со нив продолжете со серија на стомачни и како шлаг на тортата да го зацврстите газот и нозете со неколку серии на сквотови.
Ако уз пат ги следите и советите за здрава исхрана, колку вода да пиете дневно, очекувајте за брзо да ве поканат на избор за мистер.
И конечно еве ви едно охрабрување: слободно пристапете и кај жените кои се надвор од вашата лига, бидејќи истражувањата покажуваат дека и не е толку тешко нив да ги импресионирате !
Околу 45% од жените сакаат мажот да е фит како и нив, 40% сакаат мажи кои се во подобра форма од нив, додека 15% од жените повеќе сака мажи кои се запуштени.