ШТО САКААТ ЖЕНИТЕ: НАБИЛДАНИ ЗА СЕКС – ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ ЗА БРАК ?!

Мускулестите момчиња имаат по исполнет сексуален живот и повеќе партнерки од слабите, но за брак и за потомство на жените им се интересни помалку мускулестите поединци, затоа што, сметаат дека интелектуалците , се по верни и по доверливи.
Интелетуалните типови можат да си замислуваат дека умот и духовноста им се најголема вредност , но сурова вистина е дека дека повеќето од жените се луди по мускулестите.
Угледниот Калифорниски универзитет во Лос Анѓелес ( UCLA ) ја ставил оваа народна предпоставка на испит и дошле до научно втемелени заклучоци дека таа е точна : мускулестите мажи имаат повеќе сексуални партнери и повеќе кратки авантури.
Тоа е и логично, затоа што за би да имаат љубовници врските со нив мора да бидат кратки. Вистина дека мажите работат на својата мускулатура за да имаат по силни мускули од другите, но тоа е само дел од мотивацијата .
Главна цел им е да го обликуваат телото така да повеќе им се допаднат на жените. Истражувањето кое го реализирале професорите Фредерик и Хеселтон е прво кое ги проучувало женските размислувања за влијанието на мускулатурата при одбирањето на краткорочните и долгорочните партнери. “
На жените им битна привлечноста на машките тела а една од главните причини за привлечноста е степенот на развиеност на мускулатурата “ констатирала коавторката во истражувањето проф. Марти Хаселтон од УКЛА. Во склоп на истражувањето се фотографирани 99 студенти ,а нивните слики потоа ги проучила група на независни жени и доделувала оценки од 1 до 9.
Најниската оценка била резервирана за најмалку мускулестите а деветката за најмускулестите поединци. Спомнатите студентисе испитани за нивните сексуални искуства а потоа нивните одговори се споредени со оценките кои им го дале членките на жирито.
Се покажало дека најмускулестите мажи имале многу повеќе сексуални партнерки од оние со послабо развиена мускулатура а размерот изнесувал 2 : 1 во корист на набилданите. Вториот дел од истражувањето вклучил 120 студенти, кои сами себе се оцениле во поглед на мускулатурата и ја изнеле својата сексуална историја.
Тие кои себе си се оцениле како по набилданите имале повеќе партнерки од оние по малку мускулестите а имале поголем број на кратки сексуални авантури. Додека мускулестите воделе љубов со просечно четири партнерки оние помалку набилданите признале дека имале само 1,5 искуство.
Развиени бицепси
Во третиот дел 60 студенти ја рангирале својата мускулестост и дале податоци за своите за своите врски со жени кои биле во брак. Повторно се помкажало дека количината на мускули била право пропорцинална со бројот на сексуалните врски со “ забранетите “ партнерки. Најмускулестите имале двапати повеќе такви искуства.
Во четвртиот дел од истражувањето 141 студентка добила на изучување по 6 силуети на мажи ,од многу слаби до многу силни.Најмногу гласови во поглед на сексуалнта привлечност добила силуетата број 5 која ја прикажувала втоарата најсилна фигура додека шестката е оценета како најмалку верна и нај многу склона кон кратки врски.
Најпосле, анкетата спроведена помеѓу 82 студентки потврдила дека повеќето имале мускулести партнери во склоп на краткорочните врски, додека подолги односи оджувале со дечковци кои имале поскромна мускулатура.
Од ова може да се заклучи дека телесно помалку развиените мажи мораат да покажат повеќе добрина и човечки квалитети, додека мускулестите не мораат многу да се трудат нити имаат мотиви за такво нешто.