Што треба да го прашате потенцијалниот партнер за да констатирате дали сте еден за друг ??

Мнгоумина се прашуваат која е тајната на долготрајната љубов, а новата студија ви дава одговор на тоа прашање.
Всушност, открива три клучни прашања што треба да му ги поставите на потенцијалниот партнер.
Покрај взаемната доверба, преданост и љубов, харвардските математичари открија три клучни прашања што одредуваат дали двојката има потенцијал.
Тоа се овие прашања:
1- Дали сакате хорор-филмови?
2- Дали некогаш сте патувале во странство сами?
3- Дали би оставиле сè и би отишле да живеете на брод?
Четирите експерти што дојдоа до трите клучни прашања го направиле сајтот „Ok Cupid“, најголем и најуспешен сајт за запознавање луѓе на светот.
Бидејќи тие дефинитивно го имаат неопходното знаење, како математичари од Харвард биле љубопитни да направат „алгоритам на компатибилност“ заснован на истражување.
А споменатите три прашања се клучни за одредување компатибилност.
Ако најдете некој што на овие прашања одговорил идентично како и вие, вие двајца би можеле совршено да си одговарате.