Јаболков оцет- вистини и лаги

Модерното време за себе има многу епитети. Брзиот напредок изби речиси во сите области на човечкото живеење- технологијата овозможила брзо подесување на животот според личните потреби на поединецот, но некои прилагодувања на организмот останале на ниво на човекот кој живеел во пештерите и се прехранувал од денес за утре.
Би било идеално кога генетската склоност на организмот кон складирањето на мастите едноставно би можело хируршки да се отстрани, но, предноста на некогашните луѓе сеуште е непремостиво проклетство на модерниот човек.
Седечкиот начин на живот, стресот и достапноста на вкусната храна на секој чекор, повеќето од луѓето, оние кои се склони на дебелеење, веќе одамна ги остава очајни.
Секако, сведочиме на секојдневни откритија на нови диети за слабеење кои гарантираат 100% успех.
Во категоријата на чудотворни напивки, се наоѓа и јаболковиот оцет. Иако одамна се користел во исхраната во краевите каде што се одгледувале јаболка, денес неговиот спомен најчесто е врзан за “здравиот начин на живот”.
Оцетот е кисела течност која се добива преку разредена оцетна ферментација на алкохолни течности, а се користи во исхраната како зачин и конзерванс.
Овој процес е својствен по своите корисни микроорганизми- квасеци и бактериите кои го претвараат шеќерот во оцетна киселина. Оцетот може да се направи од било кое овошје или намирница која содржи шеќер.
Народниот лек на др. Јарвис
Се смета дека јаболковиот оцет освен за исхрана, е корисен и во медицината веќе преку 10 000 години.
На долгата листа на болкипри кои помага, покрај артритисот, остеопорозата, високиот холестерол, нискиот крвен притисок, се користи и како средство кое го потпомага варењето и ја регулира телесната тежина.
Јаболковиот оцет настанува од сокот на пресуваните јаболка и се добива квасец и шеќер (иако не требаат, процесот може да започне и природно).
Темелот на модерните тврдења за јаболковиот оцет кој го “согорува” масното ткиво го поставил др. Јарвис во својата книга од 1958 година, “Народни лекови”, во која пишува дека “редовното конзумирање на јаболков оцет прави да телесните масти, наместо да се складираат, согоруваат”.
Таа книга била бестселер во своето време со преку пола милион продадени копии. Дури ни Мерлин Монро не успеала да ги увери жените дека облините можат да бидат “ин”.
Освен виткост, др. Јарвис тврди дека јаболковиот оцет помага при превенцијата од артритис, поради што и денес го конзумираат многу кои сведочеле на популарноста на тогаш, во тоа време, прва таква издадена книга.
Некои нови времиња
Денес јаболковиот оцет е главен адут во трговијата со здравата храна. Тврдењата за неговата кориснотст се исти како и во минатото, но некои променети погледи на таа тема донеле напредок во светот на знаењето.
Некои од тврдењата на производителите се дека содржината на б- каротенот од јаболковиот оцет помага во блокирање на активностите на слободните радикали; помага во кршењето на кристалните групи околу зглобовите, приота лечејќи го артритисот; успечно го намалува нивото на холестеролот и крвниот притисок; помага кај проблемите со варењето (во облик на таблета); други пак, таблетни и капсулни облици поради содржината на влакната помага кај слабеењето; содржината на хранливите материи ја зајакнува одбрамбената снага на организмот; итн.
За жал, лековитите својства на јаболковиот оцет не се официјално документирани. Хранливата вредност и содржината на витамини и минерали со 1-2 лажички потполно се занемарени.
Згора на тоа, содржината на витамините, влакната и аминокиселините кај природниот јаболков оцет е еднаков на нула. Еден произведувач на 100% органски јаболков оцет како доза препорачува 1 лажичка јаболков оцет.
На амбалажата мора да се наведени следните податоци:
Единица на сервирање: 1 лажица
Калории 0
Вкупни масти 0г
Холестерол 0мг
Калиум 10мг
Натриум 0мг
Вкупно јаглехидрати 0г
Шеќери 0г
Протеини 0г
ФДА (Агенција за храна и лекови) не дозволува декларирање на амбалажа со било какво тврдење за поволно делување на оцетот врз здравјето.
Дури и најраширените верувања како оцетот помага при лечење на артритис, не е потврдено од страна на американската фондација за артритис.
Службено стои дека јаболковиот оцет не е штетен, но, ниту пак дека лечи артритис.
Ослабете лесно- реалност или лудо ветување
Во 70-тите години на минатиот век, популарна била комбинацијата на јаболковиот оцет, кафеавите поморски алги, витаминот Б6 и лецитинот, чија цел била топењето на вишокот на килограми.
Рационалното објаснување за овој напиток било дека овој коктел од мешавини го забрзува телесниот метаболизам.
Лецитинот наводно ги соединува телесните масти, Б6 помага во метаболизирањето на мастите, а алгата допринесувала за содржината на јод кој би требало да ја стимулира штитната жлезда да го забрза метаболизмот, додека јаболковиот оцет го снабдувал телото со калиум.
Како кај салатниот сос каде што маслото и оцетот не се мешаат, овој коктел требало да помогне во отстранувањето на мастите од организмот.
Ниту една од овие поставувања нема научно докажана подршка.
Јаболковата диета пред се, ќе биде успешна ако општо се придржуваме до пропишаните правила на диетата.
Никакви пилули ниту пак напитоци сами по себе нема да помогнат во губењето на телесната тежина, ако истовремено не се држите до режим на диетална исхрана со телесни активности.
Но ова всушност и не е некоја новост, објаснуваат научниците.
Се што на реклама изгледа премногу едноставно за да биде вистинито, најчесто и е така- премногу едноставно за да биде вистинито!