Јаболко диета: За три дена – три килограми помалку

Јаболката ги има во изобилство во текот на целата година, а за овој вид на диета е секогаш идеално време, што е заснова на здравствени придобивки што ги има јаболкото.
Диетата со јаболка е една од најпознатите, поради краткото траење и резултати што ги дава.
Причината за ова е дека јаболкото има многу малку калории и за три дена може да изгубите и до три килограми.
Калиум и овошните киселини се супер тандем за согорување калории, за подобрување на метаболизмот и го регулираат процесот на варење на храната.
Гликозата која ја имаат во изобилство, го одржува нивото на шеќер во крвта.
ПЛАН НА ЈАБОЛКО ДИЕТАТА
Прв ден
Појадок може да биде составен од интегрален леб и свежо кравјо сирење и три јаболка.
За ужина каснете едно јаболко и обичен бисквит, додека ручекот може да биде обилен.
Подгответе 140 грама риба, јаболко, портокал и целер.
Попладневната закуска да биде од 85 грама кравјо сирење и едно јаболко а за вечера подгответе два сендвичи со ‘ржан леб и со сирење.
Втор ден
Започнете го денот со 30 грама овошно пире, 130 мл млеко, една лажица суво грозје и едно јаболко а за ужина може да изедете уште едно јаболко.
За ручек, подгответе една палачинка од млеко и јајца, кои ќе ги пополните со рендано јаболко.
За попладневна закуска земете 80 грама јогурт со ниска содржина на масти и внатре ставете половина сецкано јаболко.
Вечерата нека се состои од 40 грама ориз измешан со половина банана и јаболко.
Трет ден
Започнете со едно парче интегрален леб, 3 лажици кравја урда и едно јаболко, а за ужина изрендајте едно јаболко во 140 грама јогурт и додадете малку лимон и цимет.
За ручек, почастете се со 80 гр печени пилешки филети и едно јаболко, црвена пиперка и сок од лимон.
Јаболкото нека биде ви биде попладневна ужина а диетата завршете ја со свежа од салата 2 моркови, едно јаболко, лажица суво грозје и 50 грама сирење.
Во текот на овие три дена, не заборавајте да пиете најмалку 1,5 литри вода на ден. Има да се зачудите колку полесно и поздраво ќе се чувствувате за само 72 часа.