Јаболко – одличен извор на витамини и минерали

Јаболко во текот на целата годината мами својот изглед и мирис. Комбинација на различни вкусови и ароми, јаболкото обезбедува еден вид на уживање во исто време и благодет за здравјето на организмот.
Јаболко е плод на овошните дрвја со латинско име Malus silvestris. Прататковина на јаболкото е Европа и Југозападна Азија.
Се одгледува подолго отколку што лугето имаат евиденција за тоа. Расте во сите температурани области, и постојат одредени видови на јаболка со потекло од Северна Америка.
Денес јаболкото насекаде се одгледува и постојат безброј различни видови на јаболка. Се смета за еден од најважните земјоделски култури. Јаболкото е освежително овошје со со свој мирис и вкус кои најдобро го дефинираме како слатко-кисел вкус.
Најчесто се јаде сурово, но исто така и печено, варено, сушено, преработено во сокови, џемови, марелади, желеа, Исто така најпознат и најквалитетен е јаболковиот оцет.
Јаболкото-главен адут во диетите
Благодарение на содржината на пектин (растворливи влакна кои отекуваат во контакт со вода) во нашиот стомак јаболкото успева да постигне чуство на ситост.
Поради ова јаболкото станува главна намирница при избор на диета поради тоа што го постигнува чуството на ситост- не се чуствува глад. Содржи делумно моносахарид фруктоза-шеќер кој може да доведе до задоволување на желбата за благо, како и дека нема големи промени во концентрацијата на глукозата во крвта.
Поради оваа причина, не го зголемува лачењето на хормонот инсулин, кој може да предизвика складирање на шекери и правење масти од шекери.
Споменатиот пектин го има во јаболкото во количина од 1.2 грама, има многу корисен ефект врз дигестивниот систем. Јаболко без кора или во варена форма препорачува во исхраната на пациентите кои страдаат од болести на жолчниот меур, болести на дебелото црево со чир на желудникот.
Сочни јаболка дневно се препорачуваат во исхраната на срцево болните. Печените јаболка се вкусна и хранлива закуска, која се препорачува во исхраната на пациентите кои што имаат проблеми со бубрезите.
Јаболката може да се користат во исхраната на луѓе кои треба да водат грижа да внесуваат помали количини калциум и фосфордека консумираат помалку количини на калиум и фосфор, односно, на калциум во телото.
Понатаму ова овошје е ефикасено во алкализација на урината (состојба која треба да се одржи во шеќерна болест, ацидоза, болести на срцето, црниот дроб и бубрезите придружени со ацидоза, хронична дијареа, компликации во бременоста и долгорочни глад.
Секако ова овошје треба да се препорача на тие што обожаваат месо и секојдневно конзумираат големи количества на месо во организмот бидејќи нивното тело понатаму треба да се “бори” против прекумерната ацидификација. една или друга форма не пристигнуве на нашите маси.
Олупено-неолупено јаболко
Има луге кои од одредени причини неможат да го го јадат јаболкото со лушпата во табелата се детално наведени хранливи компоненти содржани во 100 грама излупени и неизлупени јаболка. Всушност разликите се многу мали и не постои причина за ова “античко” овошје, во една или друга форма не пристигнуве на нашите маси.
Нутритивен состав на 100г свежојаболко нелупено олупено
вода (е) 83.8 87.5
масти (g) 0.36 0.32
протеин (g) 0.22 0.32
јаглехидрати (g) 15.3 15.4
диетални влакна (g) 2.0 2.3
витамин A (IU) 53.6 45.4
витамин C (mg) 6.0 4.1
витамин B1 (mg) 0.014 0.014
витамин B2 (mg) 0.015 0.008
витамин B6 (mg) 0.05 0.05
ниацин(mg) 0.07 0.07
Фолна киселина (mcg) 2.9 0.81
Калциум(mg) 7.2 4.1
Натриум(mg) 0.72 0.00
Калиум(mg) 115.1 115.0
Железо(mg) 0.181 0.073
Магнезиум(mg) 4.3 3.2
Фосфор (mg) 7.2 7.2
Манган (mg) 0.045 0.023
kcal (kJ) 58.6 (246) 58.3 (244)