ЈАГОДОВА ДИЕТА (ДИЕТА СО ЈАГОДИ)

Диетата која е пред вас е базирана на јагоди, а искуствата на оние кои ја спроведувале укажуваат на губиток на дури 3 килограми за 4 дена !
Прв ден
За појадок: подгответе убава овошна салата. Земете 250 гр јагоди,измијте ги и исецкајте ги на мали парчиња. Половина јаболко исецкајте на коцкички, а половина банана – на тркалезни парчиња.
Во голема чинија полека измешјте ги сите состојќи и додадете една лажичка мед и 50 гр незасладен јогурт.
Помеѓу појадокот и ручекот: веројатно ќе огладнете. Еден шејк со јагоди сигурно ќе ви годи и ќе ја намали гладта.
Шејк за ужина: 100 гр јагоди и 1 дцл немасно млеко уфрлете во блендерот, додадете 1/2 лажичка мед и 50 мл негазирана минерална вода и сето тоа изблендирајте го.
Ќе ја добиете потребната енергија, малку калории а чувството на глад ќе си замине.
За ручек подгответе лесна салата чии состојќи се :
– 150 гр јагоди
– 1 парче мисиркини гради
– 100 гр краставици
– 300 гр аспарагус
– 10 гр магдонос
– 20 гр ореви ( мелени или крупно изгмечени )
– 1 лажица сок од лимон
– 6 лажици шорба од зеленчук (или негазиарана минерална вода ).
– 1 лажица маслиново масло
Исчистете го аспарагусот, исечете го на парчиња, варете додека не биде сосема мек. Јагодите измијте ги и исецкајте ги на кругови.
Исецкајте ја и краставицата на кругови а обарените мисиркини гради на ленти.
Сето тоа измешајте го во голема чинија.Преку тоа налијте сос направен со мешање на сок од лимон, шест лажици чорба и маслиново масло. Посипете со ореви по желба и вкус.
Салатата е подготвена.
За ужина може да изедете јогурт со јагоди: 100 гр јагоди, 1 дл малку мастен јогурт блендирани со лажичка мед.
За вечера: секако, повторно салата: Измешајте 1 поголем варен компир, ситно сецкан кромид, 1 мал варен целер,1 дцл јогурт ,50 гр немасно сирење и листови магдонос.
Зачинете го по желба со сок од лимон, сол и црн пипер.
Втор ден
За појадок: 2 парчиња интегрален леб премачкан со малку масно сирење (до 2 проценти масти).
Предпладневна ужина: Од 200 гр јагоди направете пире, помешајтеги со разни бобинки, додадете 1 лажичка путер и лажичка мед.
За ручек: ќе биде необична, но вкусна салата. Во голема чинија помешајте ги ситно сецкани следните состојќи: јагоди (100 гр), 1/2 зелена салата,1 домат,1 пиперка, немасно сирење (50 гр) јогурт (1/2 дл), сок од лимон, сол според вкусот, тост од парче интегрален леб исецкан на коцкички.
За попладневна ужина: можете да испитете освежувачки коктел: мешавина сок од јагоди (1 дцл) немасен јогурт ( 1 дцл ) и сок од ананас ( 1/2 дцл).
Вечера: Палачинки со јагоди – Палачинките печете ги во тефлонска тава и послужете ги со крем од изгмечени јагоди, младо сирење и лажичка мед.
Трет ден
За појадок: енергетско „полнење“ во облик на овесна каша со додаток на 1/2 дцл сок од јаболко, половина банана и 100 гр исецкани јагоди.
Предпладневна ужина: 1 дцл нискокалоричен јогурт,100 гр јагоди и лажичка мед- сето тоа добро изблендирано.
Ручек: 200 гр свежи јагоди а потоа карфиол: Помала главица карфиол обарена во вода а потоа премачкана со лажичка путер и потоа прелиена со ситни парчиња шунка ( 30 гр).
Попладневна ужина: Мешавина од по 1 дцл сок од портокал и јагода со лажичка мед.
Одличен оброк за вечера: Направете пире од еден поголем обарен морков и еден обарен компир со додаток на млеко (колку е потребно да се добие воздушест пире).
Додајте лажичка путер и малку вода. Добро измешајте.
Пирето ставете го во огно-отпорен сад и преку него ставете тркалца домати и пиперка исецкана на ленти. Посипајте со лажица пармезан а по желба додајте малку босилок или оригано.
Запечете во рерна 15 минути. Со овоа пикантно пире се конзумира сок од еден домат и 100 гр јагоди (за подобар вкус додадете и малку црн пипер).
Четврти ден
За појадок: можете да изедете 2 парчиња интегрален леб, со немасно сирење и 50 гр јагоди.
Предпладневна ужина: четвртиот ден е резервирана за мултивитаминска мешавина: Изблендирајте еден портокал, едно јаболко и 100 гр јагоди. Додадете лажичка мед и уште малку промешајте.
За ручек :четвртиот ден на ред е – рибата. Најдобро би било да биде пастрмка, лесно динстана со кромид, зачинета со магдонос и парчиња лимон. На рибата ставете и парчиња од 50 гр јагоди и по желба малку сенф (одлична комбинација ).
Одличен додаток е зелена салата благо закиселена со лимонов сок или јаболков оцет.
Попладневна ужина: Во блендер ставете 150 гр јагоди, лажичка мед, сок од еден лимон и 1 дцл вода. По желба можете да го збогатите овој напиток со додавање 1/2 дцл немасен јогурт.
За вечера: четвртиот ден – воедно и последен од оваа диета – на ред е весела салата преполна со минерали и витамини со спектар растителни вкусови:
Додека печете еден поголем компир во рерната (заедно со лушпа) – се простувате од блендерот правејќи мешавина од свеж морков, пиперка, лист целер и сок од лимон.
Но внимателно – потребно е да се направи нешто налик на паста а за тоа блендерот треба да биде вклучен неколку секунди.Посебно измешајте неколку поголеми јагоди, 50 гр немасно сирење и 1 дцл јогурт.
Исто направете паста но поретка од предходната.
Симнете ја внимателно лушпата од печениот компир па прекријте го со првата (погустата) паста, а потоа и со поретката паста и уживајте во спектарот на неверојатните вкусови!
По желба додадете и малку босилок или оригано.
НЕКОЛКУ СОВЕТИ ВО ВРСКА СО ОВАА ДИЕТА:
– Диетата е базирана на свежи намирници – затоа обратете внимание на квалитетот при купувањето. Органски одгледуваните намирници, ако ви се достапни се полн погодок!
– Блендерот е просто неопходен кај оваа диета: не само да го забрзува процесот на подготовка на храната туку и помага да таа правилно се асимилира. Затоа ,ставете го на видно место – секогаш на дофат на раката.
– Доколку сте вработени а се мисли на фиксно работно време од 08 до 16 часот – најдобро е диетата да ја отпочнете во петок. На тој начин ќе прескокнете само два ручека (заменети ги со свежи јагоди) а резултатите ќе бидат слични.
– Бидејќи диетата трае само 4 дена – нема посебни препораки за зголемување на физичката активност.
– Доколку не можете без кафе – потрудете се количината на испиеното кафе да не биде поголема од 2 мали шољи (распоредени во текот на денот) а со секое шоља задолжително испијте и чаша вода.