Јапонски јаболка-совршено здрави!

Ова исклучително здраво овошје е многу богато со витамин Ц и затоа, пред се, е добро за јакнење на имунитетот.
Содржи три грама растителни влакна (тоа е над 10 проценти од дневните потреби).
Помага и во снижувањето на нивото на холестерол и во регулирањето на варењето.
Содржи голема количина на фруктоза, па се препорачува и за исхрана на оние кои имаат покачено ниво на шеќер во крвта.
Јапонските јаболка се особено богати со флавоноиди, а особено со кверцетин, што ги прави пожелни за превенција на кардиоваскуларните заболувања.
Благодарение на флавоноидите, јапонските јаболка го штитат организмот од штетните влијанија на радикалите.
Во источната традиционална медицина, се користат како помош во лекувањето на воспалението на цревата, хемороидите, болестите на желудникот, болестите на црниот дроб и жолчката (против замастен црн дроб и слабо излачување на жолч, затоа што ја стимулира работата на црниот дроб).
Тие се природен лаксатив, а поседуваат и антибактериски и антибиотски својства.
Исто така можат да помогнат и за снижување на високата телесна температура и за ублажување на валунзите.
Најдобри за употреба се оние што се меки на допир.
Освен сирови, можат да се консумираат и во вид на сок, џем, сируп или овошна салата.