Јога на плажа

Топлите летни денови ни овозможуваат што е можно повеќе активности да практикуваме на отворено, и она што е најдобро повторно да одиме на плажите, реките и езерата, поточно на местата со милозвучни звуци на водата и брановите и да ги полниме батериите со позитивна енергија.
Тоа е идеално место за вежбање јога,по задушувачките затворени простории овде лесно можете да се поврзете со природата бидејќи се наоѓате во природа.
Понесете пешкир или нешто за постелување каде ќе ги вршите вежбите, доволна количина на вода или зелен чај, удобно облека, крем за сончање и почувствувајте го песокот под вашите нозе.
Нашата задача е да ве запознаеме со неколку соодветни пози кои може да ги изведувате уз крикот на галебите и шумот на брановите кои ќе ве релаксираат на најдобар можен начин и ќе ве поврзетат со она исконското што го носите во себе, а сте го заборавиле по месеци и месеци поминати во вашата канцеларија под неонско светло.
Прва поза: Разбивање на брановите
Застанете со раширени нозете во ширината на колковите, прстите вперени кон напред, со благо свиткани колена и рацете настрана.
Вдишете и подигнете ги рацете кон небото над рамената. Испружете ги прстите и поглед вперете го кон небото.
Издишете, спуштајќи ги рацете кон напред и наведнете се во сквот додека бутовите не ви се паралелни со песокот, а торзото споено со бутовите.
Со рацете допрете го песокот пред себе.
Вдишете, кренете се од позиција на сквот кон горе и подигнете ги рацете над главата. Издишете и вратете ги рацете на стартната позиција. Повторете пет пати.
Втора поза: Делфин
Застанете на сите четири екстремитети, така да вашиот лакти и колената бидат во ширина на рамената и колковите.
Потпрете ги подлактиците на земја а потоа наместетте ги така што вашите лакти дабидат во иста рамнина со рамената.
Спојте ги вашите дланки и прекрстете ги прстите и со рацете потпрете се на подлактицата.
Застанете на ножните прстите и исправете ги нозете; се додека не се целосно испружени а рацете и понатаму потпрени на подлактиците на земја.
Останете во оваа поза се додека на направите 15 вдишувања. Одморете се 5 вдишувања.
Поставете се пак во истата позиција, но овој пат вашите нозе се прави, кренете ја едната во воздух така што колковите да ви се паралелни со земјата.
Задржете ја позава 15 вдишувања. Потоа Спуштете ја ногата и одморете се пет вдишувања и повторете ја позата со другата нога.
Трета поза: Рак
Седнете на песокот, со свиткани колена, стапалата раздвоени во ширина на колковите.
Дланките потпирете ги на песокот зад себе, во ширината на колковите прсти свртени кон вас.
Длабоко вдишете и за време на издишувањето подигнете го задникот така да вашите раце и потколеници останат потпрени на земјата.
Вашиот вратот треба да биде опуштен во рамнина со телото.
Задржете ја позата 15 вдишувања. Спуштете се на земјата и одморите се 5 вдишувања. Повторете три пати.
Четврта поза: Брод
Седнете на песокот со нозете свиткани во колената и со стапалата споени поставени на песокот.
Поставите ја десната рака зад десното а левата рака зад левото колено. Задржете ги собрани колената и кренете ги нозете се додека листовите не ви бидат паралелни со земјата.
Задржете ја положбава 15 вдишувања.
Спуштете ги стапалата на песокот и одморите 5 вдишувања. Повторете така што почнувате на ист начин, само што овој пат ги кревате нозете по целата должина, така што со вашето тело формирате буква В.
Рацете испружете ги исправени пред себе во рамнина со рамената, дланките кон земјата.
Задржете ја оваа положба 15 вдишувања. Спуштете ги нозете и одморете 5 вдишувања. Повторете ја вежбата.
Петта поза: Kрал риба
Седнете на песокот со испружени нозе. Прекрстете ја десната нога над левата и сместете го десното стапало над левиот бут.
Задржете го левиот бут на земја и свиткајте го левото колено, поставувајќи го левото стапало под задникот.
Левата рака сместете ја на песокот од десната страна. Вдишете и подигнете ја вашата лева рака кон небото.
Издишете, свиткајте го левиот лакт и сместете го надворешниот дел од лактот на надворешната страна на десното бедро и притиснете ги едено до друго.
Издишете, притиснете ја левата рака и десната бутина и свртете се на десно, со поглед вперен преку десното рамо.
Задржете од 5-15 длабоки вдишувања, во зависност колку може да издржите. Издишете додека излегувате од позата. Повторете на другата страна.
Шеста поза: Савасана
Легнете на грб на песокот, нежно раздвојте ги нозете и рацете испружени покрај вас, околу 15 см оддалечени од вашето тело, дланките нагоре.
Почуствувај те како секој дел од вашето тело пропаша во топлиот, мек песок, почувствувајте како ги впивате топлите зраци на сонцето.
Останете во оваа позиција за 10 минути или повеќе, онолку колку што ви треба да го задржите делот од блаженството во себе.