Џесика Алба: “Мојот неделен тренинг програм”

Џесика Алба во рекордно време закрепна од промените кои ги носи бременоста поради тренингот со познатиот тренер Рамон Браганца.
Ова е Програмата за тренинг на Џесика Алба (4 пати неделно):
10 минути кардио: Лесно трчање 2 минути, брзо трчање 6 минути, повторно лесно трчање 2 минути.
Тренинг 1: 3 серии од 20 повторувања вежби со тегови од 1,5 кг.
-Исчекор + бицепс прегиб со тегови
(Направете исчекор потоа задржетесе во оваа позиција и направете прегиб на бицепс со тегови потоа вратете се на стартната позиција)
-Исчекор + странични кревање тегови
(Направете исчекор напред и подигнете ги вашите раце на страна до висина на рамо потоа вратете се на стартната позиција).
-Потоа Бочна кревање тегови(без исчекор)
5 мин кардио: Наизменично споро и брзо трчање на секои 30 секунди.
Тренинг 2: 3 серии од 20 повторувања вежби со тегови од 1,5 кг.
-Сквот+тегови
(Направете сквотот, рацете напред со тегови потоа се враќате во почетна позиција)
-Карличен потисок на рамна клупа со тегови
-Вежби за трицепс (дипсеви) потпрен на рамна клупа
5 мин кардио: Наизменично споро и брзо трчање на секои 30 секунди.
Тренинг 3: 1 серија од 20 повторувања.
– Стомачни вежби
– Подигнување на телото странично
– Кревање на телото со подлактици
(Поставете се во лежечка положба потпрени на лактите и колената. Подигнете го задникот и телото од подот и држете за неколку секунди а потоа вратете се во стартната позиција. Задникот и стомакот треба да се стегнати.)