Џејми Пресли: најсекси тело во Холивуд

Добитничката на Еми ни ги открива тајните на својот добар изглед
Дали сакате да знаете како познатите личностија одржуваат својата фигура? Еден од најголемите фитнес митови за познати личности вели дека изгледаат одлично, бидејќи тие имаат пари и можат да си дозволат лични тренери и врвни готвачи.
Но и со сите овие бенефиции, зад прекрасниот и звезден изглед се крие многу пот и труд.
Џејми Пресли (31) вели дека: “. Јас отсекогаш напорно вежбав. Мислам дека не постои напор без резултати”.
Нејзините напори секако се исплатеа. Беше прикажана на врвот на листата на најпосакуваните во Холивуд дури и две години по раѓањето на синот.
Нејзините единствени атрибути не се само совршените стомачните мускули. Таа зрачи со доверба, одлика која ја смета за многу атрактивна кај себе и кај другите.
Ѕвездата на серијата “Моето име е Ерл” ни ги открива тајните на добриот изглед, успех и фактори што ја прави една жена неодолива.
Останете фокусирани на целта
Како и многу други за прв пат стана мајка, Џејми во текот на бременоста јадела се и сешто што нејзината бременост и “диктирала”. Покачила 19 килограми.
Бев дебела мајка “. Вели Џејми. По раѓањето на нејзиниот син, си зададов цел:. Да се вратам во форма за прослава на мојот 30ти роденден”. Трчав и кревав тегови “.
До прославата на роденденската журка веќе стекнала доволно самодоверба за да го слави во базен во бикини .
Сакајте ги вашите облини
Уште еден од холивудските митови за големина 0 ? “Не јас!”, Вели актерката. “Се разбира, дека сакав да ги намалам трудничките килограми, но без тоа не сакав да го изгубам мојот задник”.
Одличната фигура се одржува со вежбање и здрава исхрана. “Мислам дека добро градената жена е секси жена.”
Истакнете ги вашите најдобри атрибути
Од раѓањето на синот Џемеин, погледот на сексапил се сменил. ” Некогаш знаев да кажам дека мојот најсекси атрибут е мојот мозок.
Но, од неодамна највеќе го сакам мојот стомак; откако искусив дека новиот живот расте во мене, мислам дека непостои нешто поубаво и попривлечно. ”
Од оваа причина, највеќе се фокусирала на изгледот на стомачните мускули. “Поддршката на ‘рбетот и телото, сè зависи од тоа”, вели Џејми.
Четири пати неделно Џејми вежба со помош на тренерот Мајк Џонс. Тренингот се состои од кик-бокс до тренинг на сила.
“Брзо ми досадуваат вежбите затоа тренерот постојано ми ги менува. Рутината варира, но две работи се константни: Во исто време тренирам повеќе мускулни групи и немам одмор помеѓу сериите, па на тој начин пулсот и горење калории се зголемува.”