Џоди Марш : “Бодибилдингот ме спаси од самоубиство”

Џоди Марш призна дека размислувала со кола да удри во ѕидот, откако доживеа јавно понижување на Celebrity Big Brother и минала низ серијата неуспешни врски со познати мажи.
Но, фактот дека сериозно го свати светот на бодибилдингот и тоа и помогна на Џоди во надминување на кризата и пресврт во нејзиниот живот – дури и освои едно првенство во Америка.
Сега Џоди вели дека ова е најубав период од нејзиниот живот.
Не можам да опишам колку добро се чувствувам бидејќи јас конечно направив нешто позитивно.
Отсекогаш сум сакала да направам нешто добро, но лушето не ме сваќаат сериозно. Сега ситуацијата е поинаква. ”
Од моментот кога излезе на насловните страни на таблоидите уште пред десет години, Џоди беше многу контроверзна фигура.
Често се појавувала во клубовите носејќи само долна облека и каиши, скокнала од врска со врската со познати момци, и јавноста ја познава по медиумска војна со разузданата Кејти Прајс.
Во 2006 година, публиката изгласа да го напушти Celebrity Big Brother и тоа беше капка која за Џоди ја прели чашата.
“Шест месеци по Големиот Брат навистина мислев на убиство. Ми беше доста од се.
Чекорев по улица а луѓето ми се подбиваа, го навредуваа мојот изглед и што уште не. Ако не би им одговорила, тие ме гаѓаа со шишиња или лименки.
Тоа навистина ме уништи. “Признава поранешната парти девојка.
“Навистина сакав да удрам со автомобил во ѕид.”
Откако се повлече од јавниот живот, Џоди најде мир во тренинзите и бодибилдингот.
За додатно да ја усоврши фигурата, таа стана вегетаријанец и помина 14 недели јадејќи само белки, протеински шејкови, ориз и зеленчук.
Покрај тоа, вежбала по четири часа во теретана секој ден.
Сега Џоди се натпреварува и минатата година беше 5та во својата категорија во Велика Британија што беше отскочна даска за нејзината меѓународна кариера.
На врвот стигна кога победи на натпреварот во Вашингтон.
“Беше навистина тешко.”, вели Џоди. “Сега ми се повраќа од јајца,ги прејадов. Но се насмевнувам и го правам најдоброто што можам … победувам!”
“Знам дека луѓето гледајќи ги сите овие мускули мислат дека е чудно, но кога не се натпреварувам и не позирам Јас навистина изгледам ситно и женствено.
Се чувствувам физички силна и тоа ме прави ментално посилна. Сега се чувствувам дека имам целосна контрола над мојот живот. ”
“Не можам да ви опишам колку сум благодарна за животот што сега го живеам”. завршува Џоди.
ДНЕВЕН ТРЕНИНГ НА ЏОДИ МАРШ
3 часа на кардио тренинг – споро возење велосипед за да се согорат масти, но не премногу интензивен за да се оштетат мускулите.
45 минути вежби со тегови.
ДИЕТАТА НА ЏОДИ МАРШ
Појадок – палачинки од 7 белки од јајца без млеко
Утринска ужина – протеински шејк, зеленчук и кафеав ориз 30 гр
Ручек – 7 белки од јајца и 30 гр печени слатки компири
Ужина на пладне – зеленчук и протеиниски шејк
Попладневна ужина – 7 белки од јајца и зеленчук
Вечера – 3 цели јајца и 30 гр кафеав ориз
Пред спиење – протеински шејк.