10 заблуди од порно филмовите на кои треба да заборавите

Еве неколку заблуди што во реалниот живот не се баш такви како во порно филмовите:
1- Сите имаат оргазам за паметење
Во реалниот живот, се разбира се изгледа различно.
Било која личност што е во врска знае дека жените понекогаш не достигнуваат оргазам, но тоа нема да биде проблем ако сте уз саканата особа сепак и секако и двајцата се чувствувате добро.
Понекогаш се работи само за лош ден, но понекогаш е потребно малку повеќе да се потрудите. Впрочем, каков би бил порно филмот без голема експлозија на крајот??
2- Секс маратон
Да, во порно филмовите сексот трае и трае но сите знаат колку брзинските игри се добредојдени.
Во ситуации кога немате време за маратонски секс и обврските ве притискаат, саканата особа ќе ве разбере и ќе се согласи на брза возбудлива игра без размислување.
3- Свет без влакна
Ретко која жена има секогаш совршено уредни препони како што имаат актерките во филмовите.
Ние многу добро знаеме дека влакната незапирливо растат и секогаш постои време помеѓу депилација кога не е се мазно како на филм.
4- Акробации во кревет
Во порно филмовите имаат тенденција да прикажуваат необични пози.
Тоа не е голема работа, додека не сфатите дека тие не знаат за некои класични пози и ви набиваат чувствуво на вина поради “обичниот секс”.
Сексуалниот терапевт Бренди Енглер вели дека е важно е во кревет добро да се забавувате дури и ако правите само една поза.
5- Вечното прашање за кондоми
Како и многу други работи, мажите во порно филмовите имаат совршено тело, но исто така и еден голем недостаток – не користат кондоми.
Сексот на почетокот на врската мора да биде заштитен и не прифаќајте ништо помалку.
6- Глумење за Оскар
Стенкање и извици на задоволство се нормални само до степен ако така се чувствувате.
Во порно филмовите овие звуци може да се слушнаат од почеток до крај што навистина не е реално.
7- Големина на Пенис
Вечната дилема во врска со големината на пенисот е сосема неважна во порно филмови затоа што таму се сите над просекот.
Но, во реалноста на жените тоа им е целосно ирелевантно. Многу мажи фантазираат за тоа да имаат поголем пенис, но ни ова решение не е најдобаро, дури и повеќе.
При поглед на навистина голем пенис, на жените очите нема да им излезат од радост туку од страв и низ глава ќе им летаат само сомнежи.
8- Секс на секој агол
Дали навистина мислите дека во вистинскиот живот се случуваат такви сценарија? Сексот во канцеларија, секс на отворено, секс во лифт …
Не, тие се само сценарија во порно филмовите и во реалниот живот не постојат многу луѓе со такво искуство, особено не е честа појава.
9- Сите тоа го сакаат
Врзување, доминација, секс во тројка и разни други варијации од порно филмовите, сепак тоа не значи дека вашиот партнер сониува за сите овие работи.
Со нормален разговор со саканата особа ќе дојдете до заклучок дека секој има мали тајни на кои се пали, но тие се далеку од ноќе и дење целосно посветени само на фантазии.
10- Само секс и ништо друго
Значи, тој и таа не прават ништо цел ден, само размислуваат за секс и секс, и вклучуваат трети лица, и така натаму.
Јасно ви е дека просечни луѓе се интимни по некој свој ритам и расположение и имаат подобри или полоши денови како и во се друго.