10 Малку познати факти за Арнолд Шварценегер

За Арнолд Шварценегер слушнаа и луѓе кои никогаш немале ништо заедничко со светот на бодибилдингот.
Тој е најпознатиот претставник на овој спортот и еден од најуспешните во целата негова историја.
Сопственик на седум титули Мистер Олимпија, успешен како актер и ѕвезда на Холивуд, и живот како многу успешна личност го круниса со неговата успешна политичка кариера.
Сепак, без оглед колку тој е познат и колку секој негов јавен настап бил публикуван од камерите и фото апаратите, постојат голем број факти за големиот Арнолд кои малкумина ги знаат.
1. Неговото средно име е “Alois”.
2. На врвот од својата кариера со неговите 188 см висина, тежел повеќе од 113 килограми.
3. Имал постар брат, кој почина во 1971 година. Арнолд под своја заштита го зеде неговиот син, кој е сега адвокат во Лос Анџелес.
4. Најдобриот пријател на Арни и негов тренинг партнер е уште една голема легенда на бодибилдингот Франко Колумбу кој што работел како ѕидар кога стигнал во САД.
Колумбу бил кум на Арнолд на свадба со Марија Шрајвер во 1986 година.
5. Тој се појави во 1973 година во епизода на серијалот “The dating game”.
6. Тој беше седум дена во воен затвор во Австрија поради бегање да учествува на натпреварот Junior Mr. Europe.
7. Тој доби Златен глобус за “најдобро актерско деби на подвижни слики” за улогата во филмот ” Stay hungry “.
8. Неговиот татко бил полицаец и европски шампион во curling.
9. Тој е првиот жител на САД, кој во приватна сопственост поседувал џип Хамер.
10. На 16 години тој имал рацете 16 инчи (40,64 см), на 17 години неговите раце биле 17 инчи (43,18 см), на 18 рацете му биле 18 инчи (45,72 см) додека на 19 години неговите раце имале дијаметар од 19 инчи (48,26 см).
Рацете се негов најдобар показател за раст.