10 причини за да користите течна пудра

Сите сме прочитале за причините против користење на обичната и течната пудра. Таа ги блокира порите, изгледа неприродно, не дозволува на кожата да дише …
Сето ова мајка ви ви го зборувала.
Сепак, модерните пудри отидоа многу понапред од времето кога мајка ви го малтерисувала лицето со демоде пудра.
Се разбира, добро миење и пилинг секогаш се препорачува ако сте редовен корисник на пудра.
Несоодветна хигиена и порите на кожата може навистина ќе бидат блокирани, а исто така ќе се појават и различни и дамки од нечистотија на лицето.
Затоа ве информираме кои се Топ 10 причини за ставање на пудра:
1. Пудрата е првата бариера против загадениот воздух и токсините во него.
2. Пудрата ја изедначува бојата на кожа и ја разубавува вашата целосна појава.
3. Големите пори на лицето видно ги намалува.
4. Оштетената кожа на лицето станува помалку приметлива.
5. Течната пудра е основа на целокупната друга шминка што ја користите.
6. Носење на пудра ви дава додатна самодоверба.
7. Многу од пудрите во себе содржат и заштитен фактор од сонце кои секако треба да го нанесувате за да го спречите ракот на кожата.
8. Благодарение на добро избраната пудра изгледате помлади.
9. Многу пудри содржат хранливи материи кои ја потхрануваат вашата кожа.
10. Пудрата ќе го елиминира црвенилото од вашата кожата.
Не заборавајте да ја хидратизирате кожата пред ставање на шминка и секогаш купувајте нијанса на пудра која ќе биде прилагодена на тонот на вашата кожа.
Ова правило изгледа очигледно, но многу жени ќе купат потемна или посветла нијанса на пудра за кожата да им изгледа потемна или посветла.
Не правете го тоа! Погрешна боја на пудра ќе ви донесе само неприроден изглед. Пудрата е тука само како мал прилог на вашата природна убавина.
Таа не треба да изгледа убаво наместо вас.