10 сигнали од жените кои мажите не ги разбираат

Мажите забележуваат убави жени и се вртат по нив на улица.
Тие жени веројатно со задоволство флертуваат со мажите, но исто така понекогаш им испраќаат сигнали што тие не ги разбираат.
Еве кои се тие сигнали што мажите не ги разбираат кај жените:
1- Мажите исто така се плашат од самоуверени жени. Така да ако сте баш ваква тогаш бидете сигурна и покрај сите ваши флертувања тој нема да започне врска со вас.
2- Ако кратко го погледнете, па потоа го тргнете погледот, вие ќе мислите дека му давате до знаење дека ви се допаѓа, а тој ќе помисли дека не ви се допаѓа.
На нив ова не им е заведување, туку навреда.
3- Доколку флертувате со него и се шалите а тој ви се допаѓа, тој нема да биде сигурен што точно сакате па нема да се обиде да ве покани на состанок.
4- Ако разговарате со него користејќи двосмислени реченици, вие повторно мислите дека на тој начин флертувате со него а на него во мислите му е тоа дека користите чудни зборови што никако не ги разбира.
5- Ако зевате и покажувате дека сте уморни за да си одите дома, но со него, тој ќе си помисли дека вие сакате да си одите дома а тој да остане да се забавува додека сака.
6- Ако сакате на безболен начин да ја прекинете врската бидејќи мислите дека така ќе испаднете пристојна, тој ќе мисли дека и понатаму сте заинтересирани.
7- Ако суптилно го допирате и мислите дека на тој начин кокетирате со него, тој тоа воопшто нема да го забележи и воопшто нема да обрати внимание на вашите допири.
8- Ако сте убава и премногу атрактивна девојка, тој ќе се плаши да ви пријде мислејќи дека не е доволно добар за вас иако вие отворено му покажувате дека ви се допаѓа.
9- Исто така и доколку отворено му настапите и му кажете дека ви се допаѓа, тој ќе се исплаши од вашата искреност и ќе почне да ве избегнува и покрај тоа што му се допаѓате.
10- Доколку му пишувате двосмислени пораки, тој нема да биде сигурен на што е со вас и ќе се повлече.