10 совети како да ја одржите врската на далечина

Многубројни проблеми доаѓаат со врската на далечина, како и грижата што не можете да ја избегнете.
Но, постојат совети што ќе ви помогнат да ја одржите поврзаноста.
1- Зборувајте еден со друг
Комуникацијата многу помага. Дури и ако сте многу зафатени, секогаш најдете време за разговор со партнерот.
2- Посетувајте се често
Организирајте се така што ќе можете често да се гледате. Тоа подразбира труд од двете страни.
3- Поставете правила
Договорете се со партнерот за правилата, колку често ќе се гледате, слушате и за останатите важни работи.
4- Користете различни форми на комуникација
Во современо доба за разговор можете да користите различни видови комуникација како што се „Скајп“, е-мејл или мобилен телефон.
5- Долгорочна цел
Тоа е нешто кон што и двајцата ќе тежнеете и ќе му се радувате. Ако врската е подолга и посериозна, тоа може да биде и планирање брак.
6- Бидете верни и посветени
Во секоја врска најважни се верноста и посветеноста. Тоа значи дека во врската треба да го дадете својот максимум.
7- Интимност
Кога и да се видите, поминете заедно што повеќе интимни моменти.
8- Не губете надеж
Не се повлекувајте во тешките моменти туку обидете се да најдете некое решение.
9- Разговарајте за проблемите
Во еден момент на врската сигурно ќе наидете на некој проблем. Важно е да разговарате со партнерот за тоа.
10- Имајте повеќе доверба
Се подразбира дека кога живеете во различни градови или дури и држави не можете да знаете што прави вашиот партнер.
За да не ја уништите врската со сомнежи и со љубомора, зголемете ја постоечката доверба.