10 ФИТНЕС НУТРИЕНТИ СО ЧИЈА ПОМОШ ЌЕ БИДЕТЕ ФИТ

Се обидувате да бидете фит? Во прилог ви ги презентираме 10-те фитнес НУТРИЕНТИ кои ќе му помогнат на вашето тело да одржи добра кондиција и да има доволно енергија.
1- Суво овошје
Високото ниво на природен шеќер во сувото овошје, каде има и концентриран извор на јаглехидрати, ќе ви бидe одличен извор на енергија.
Од нив добивате и доза на растителни влакна, калиум, фитонутритиенти, витамини и минерали со секој залак.
Фит дејствија
Бидејќи се природен извор на енерегија одлични се за конзумирање пред вежбање или пак наутро во комбинација со крем јогурт.
2- Брокула и сите зеленчуци
Со антиоксидантите во својот состав кои ги уништуваат слободните радикали, растителните влакна кои помагаат на дигестивниот систем и цела армија на витамини и минерали, брокулата заедно со кељ, спанаќ и зелка се едни од најпознатите хранливи продукти кои би требало да бидат на вашата шопинг лист секоја пат кога го посетувате маркетот.
Тие се исто така добар извор на фолна киселина, која е добра за работата на срцето и препорачана за женита кои сакаат да затруднат.
Фит дејствија
Кога имате потреба од дополнителен внес на калциум за градење на посилни коски, брокулата ја содржи потребната доза и може да биде здрава алтернатива на млечните производи.
Ниските нивоа на калциум ја намалуваат способноста на коските брзо да заздравуваат после долги и напорни тренинзи, токму затоа ви е потребен калциумот.
Препорачаната доаза на внес на калциум на дневно ниво за еден возрасен човек изнесува 700mg.
3- Какао
Какаото е посебно здрав избор, богато со магнезиум, антиоксиданти и амино киселини.
За да го добиете целосниот бенефит потребно е да набавите чисто какао и истото да го комбинирате со овошје, крем јогурт или да го додадете во вашето утринско смути.
Фит дејствија
Единствената придобивка од редовното вежбање е тоа што можете повремено да си дозволите да изедете оброк кој не спаѓа во фит исхрана.
И нема ништо лошо во повремено задоволување на потребите од слатки, и токму во тие моменти дозволете си чоколадо но изберете го она кое во себе содржи најголем процент на какао- темна чоколада со 70% какао.
4- Млеко
Со количеството на вода, проетините, потребниот природен шеќер и калциумот во секоја чаша, млекото е одличен избор за оние кои одлучиле да ја зголемат својата физичка активност.
Топла чаша млеко пред спиење може да ви помогне да имате мирен сон благодарение на протеините за кои е потребен спор процес на преработка од страна на метаболизмот.
Покрај тоа помага да го добиете потребниот одмор поради сератонинот и мелатонин кои поттикнуваат сон.
Фит дејствија
Чоколадното млеко е омилениот пијалок на многу атлети.
Можеби ви изгледа дека не е фит исхрана, но тоа всушност ги содржи двете есенцијални состојки кои ви се потребни после добар тренинг- Протеините кои ќе ги обезбедат потребните аминокиселини кои им се неопходни на мускулите, додека јаглехидратите ги обновуваат испразнетите енергетски залихи во мускулите.
Домашно подготвено смути може да го постигне истиот ефект.
5- Лосос
Лососот е најдобриот извор на Омега 3 масни киселини за кои се верува дека помагаат во работата на срцето и го намалуваат ризикот од губење на меморија.
Фит дејствија
Одберете протеин како совршен оброк за после вежбање.
Протеините помагаат во обновување на мускулната маса и токму затоа се правилен избор за после вежбање.
Лососот во себе содржи големо ниво на проетини и е храна која треба барем еднаш во текот на неделата да биде на вашето мени.
6- Крем јогурт
Kрем јогуртот е совршена комбинација на многу протеини и малку масти. Проетините ќе ве држат сити подолг период и ви помагаат во процесот на намалување на телесна тежина.
За разлика од обичниот јогурт, крем јогуртот содржи само 50% од количеството на сол.
Правилен внес на сол придонесува за оддржување на добар крвен притисок и намалување од ризикот на срцеви болести.
Јаглехидратите се потребни за нашиот организам, но во правилно количество.
Токму затоа во крем јогуртот застапеноста на јаглехидрати е намалена.
Крем јогуртот е богат и со калциум кој помага за одржување на здрави коски, минерали кои се основата за одржување на здрав организам, но бидејќи нашиот организам не ги произведува ние треба да ги внесуваме на дневна база.
Содржи и јогуртните култури кои придонесуваат за правилна работа на дигестивниот систем.
Фит дејствија
Балансираниот сооднос на протеини и јаглехидрати го прават јогуртот да биде правилниот избор после секое вежбање.
Одличен е за подготвка на свежи закуски кои ќе го освежат вашиот метаболизам и ќе ви ја вратат природната енергија.
7-Банана
Бананата е совршената фит исхрана: компактна, лесна за јадење и полна со потребните нутриенти.
Но не ја заборавајте и нејзината лушпа- Тајванските нутриционисти неодамна открија дека лушпата на банана не само што содржи големо количество на калиум, туку и серотонин кој ќе ви го подобри расположението и лутеин кој е одличен за вашите очи.
Пробајте барем еднаш да ја измиксирата целата банана во вкусно смути.
Фит дејствија
Бананите имаат малку поголемо ниво на енергетска вредност за разлика од останатите овошни плодови,но калориите доаѓаат главно од јаглехидратите, и токму тоа ги прави да бидат правилен избор за пред или после вежби.
Содржат и калиум, кој ќе придонесе да го избегнете грчењето на муслкулите за време на физичката активност.
8- Боровинки
Боровинките заслужено го имаат добиено епитетот- “супер храна”, благодарение на високото ниво на антиоксиданти кои помогаат при намалување на слободните радикали во нашиот организам.
Слободните радикали се составен дел од нашето тело и се одговорни за оштетување на клетките и предизвикување на разни заболувања како и предвремено стареење.
Боровинките ја имаат моќта да не заштитат од нив, а притоа имаат многу ниско ниво на калории за разлика од сите останати овошја.
Фит дејствија
Како и сувото овошје, свежото е истот ака препорачливо за конзумација за време на и после вежбање бидејќи содржи јаглехидрати и природен шеќер, кој им ја дава потребната енергија на мускулите.
Замрзнатите боровинки (најчесто поевтин избор за разлика од свежите) се одлични за подготовка на смути за после вежбање бидејќи ќе ја обноват залихата на гликоген во вашите мускули.
9- Домати
Покрај тоа што содржат витмин Ц, доматите содржат и моќен антиоксидант наречен ликопен, кој му ја дава црвената боја.
Но ликопенот е популарен поради своите хранливи состојки кои имаат моќ во превенцијата на ракот на простата кај мажите.
Фит дејствија
Доматите може да ви помогнат и при симнување на непосакуваните килограми.
Лесно се врзуваат со хормоните кои придонесуваат за губење на тежината, како што е лептинот, тип на протеин кои помага при регулација на работата на метаболизмот и апетитот.
10- Сладок компир
Печен, варен или како пире слаткиот компир е поздрав избор од обичниот и во себе содржи бета-каротен кој му помага на имунитетот да се одбрани од болести. Покрај тоа содржи и железо, растителни влакна и витамин Ц.
Фит дејствија
Слаткиот компир е одличен додаток за оборок составен од јагехидрати пред вежбање или пак доколку се спремате за маратон.
Во себе содржи и високо ниво на калиум кое ќе ви помогне да ги избегнете непријатните грчеви кои се појавуваат за време на вежбање.