10 чекори за подобрување на здравјето за 10 минути

Еден од најчестите изговори кои ги користиме за недоволната грижа за здравјето е: “Немам доволно време”. Сепак тоа не е оправдување.
Еве 10 едноставни чекори со кои ќе го подобрите здравјето, а ви треба за секој чекор помалку од 10 минути.
1 минута за насмевка
Шеесет секунди насмевка ви е потребна за да се ослободите од стресот и да ги опуштите своите мускули. Ако тоа го правите редовно, ќе го стабилизирате нивото на шеќерот во крвта.
2 минути за благодарност
Кажете благодарам. Заблагодарубањето го штити срцето, покажува една студија од 1995 год. Покрај тоа го зајакнува имунитетот и носи лесен сон.
3 минути за јајце
Јајцето е богато со витамин Б кој е важен за функционалноста на мозокот, а може да ги спречи и проблемите со срцето.
4 минути за дишење
Секогаш и сегде можете да одвоите неколку минути за да дишете длабоко. Вдишете, избројте до 3 па издишете.
5 минути за вежби
За 5 минути можете да направите 25 скока во вис, 20 стомачни, 15 чучнувања, 10 склекови или 10 чучнувања со скокови.
6 минути за скали
Кога отиде по скали, ги остарнувате негативните ефекти од седењето, а годишно можете да изгубите и до 2 килограми.
7 минути за етикета
Издвоите малку време и прочитајте намирниците колку калории, масти и шеќер содражат. Направете го тоа пред да ги ставите во корпа.
8 минути за лекар
Сите имаме обврски, ама не постои изговор за да не издвоите време и да отидете на лекарски преглед. Немомјте покасно да се каете ако тоа не сте го направиле.
9 минути за ручек
Ако немате припремен оброк, лесно ќе посегнете по нездрава храна. Затоа сами на време спремете здрав ручек.
10 минути за релаксација
Не е срамота малце да се опуштите во текот на денот земајќи ги во предвид сите предности на одморот. Ќе се чувствувате подобро, а и ќе го подобрите своето памтење, креативност и продуктивност.