12 причини дали сте подготвени за брак

Кога ќе се одлучите да го кажете судбоносното „ДА“, обично тоа се случува во моментот кога сте заљубени.
Но кога ќе помине заљубеноста, ви останува единствено љубовта меѓу вас двајцата.
Во продолжение проверете дали сте подготвени за брак со вашиот пратнер.
1. Кога со некого сте заедно една година и се одлучувате за брак, прво размислете дали сте подготвени со тоа лице да бидете до крајот на животот. Ако ве плаши самата помисла на тоа, веднаш откажете се.
2. Пред да се одлучите за брак, прво разговарајте со партнерот за важните прашања во вашиот живот. Тргнете од тоа дали и двајцата сакате деца и дали сте подготвени да се откажете од некои работи еден поради друг.
3. Морате да имате поддршка од пријателите и од семејството, бидејќи без нив нема со мирна душа да стапите во брак.
4. Многу е важно да имате исти интереси во животот бидејќи тие ве поврзуваат двајцата. Морате да водите сметка за тоа дали ги сакате истите работи за да не ви се случи еден ден тој да сака да се пресели во друг град, а вие да сакате да останете на истото место.
5. Морате да внимавате на тоа дали ги согледувате недостатоците на партнерот и дали тие навистина ви пречат. Можеби сè уште не ги согледувате затоа што сте вљубени, но кога ќе помине заљубеноста можеби неговите недостатоци ќе почнат да ви пречат.
6. Важно е вашите пријатели и семејството меѓусебно да се сложуваат, бидејќи ако тоа не функционира, нема ни вашиот брак.
7. Бидете сигурни дека сте ги преболеле поранешните.
8. Бидете подготвени на тешки моменти и на разни препреки кои ќе наидат кога со некого ќе стапите во брак.
9. Не размислувајте само за свадбата. Седнете и размислете како ќе изгледа вашиот брак.
10. Не влегувајте прерано во брак. Морате првин добро да се запознаете.
11. Никако не смеете да се омажите само затоа што веќе сте во години или пак сакате да се омажите по секоја цена бидеки сите ваши пријатели се во брак, освен вие.
12. Ако се тешите со тоа дека лесно можете да се разведете ако вашиот брак не успее, никако не се впуштајте во него.