2 СОСТОЈКИ ЗА ДОМАШЕН СЕРУМ ПРОТИВ ПОДОЧНИЦИ

Што е потребно:
● Пола лимон
● 1 кришка домат или 1 чери домат
Подготовка:
Во сад измешајте го сокот од доматот и сокот од лимонот. Не грижете се поради семките бидејќи серумот и онака ќе го нанесете со помош на блазници при што лесно може и да ги отстраните.
Потоа добро исчистете го лицето од шминка и остатоци од нечистотии. Со помош на блазници серумот нанесете го на подрачјето на подочниците, но со блазниците не тријте врз самото око.
Повторете ја постапката уште еднаш за да се осигурате дека сте нанеле доволно серум.
Оставете го серумот да делува 15 минути, а потоа исплакнете со вода и нанесете хидратантна крема.
Зошто е добар овој серум?
Лимонот содржи антиоксиданси и витамин Ц со што ја осветлува кожата, а доматите се исто така полни со антиоксиданси и витамините Б1, Б2, Б3, А и К.
Резултатот е еден навистина фантастичен серум со чија помош може да се намалат подочниците и со кој нежно се негува подрачјето околу очите.
Лимонот содржи антиоксиданси и витамин Ц со што ја осветлува кожата, а доматите се исто така полни со антиоксиданси и изобилуваат со витамини.
Верувале или не, најголем број од луѓето имаат проблем со подочниците токму во пролетниот период.
Кај некои тоа се случува поради алергиите, кај некои поради пролетниот замор, па подочниците се често поизразени во ова време на годината, што не значи дека сепак би требало да ѝ се препуштиме на ситуацијата.
За да се намалат подочниците и вреќичките под очите ние ви предлагаме да пиете многу вода и да започнете да спиете на грб.
Освен тоа ви донесуваме и еден одличен рецепт за домашен серум кој се прави од само две состојки кои веројатно и веќе ги имате во вашиот фрижидер.
Внимание: Овој серум не смее да влезе во очите и се нанесува со блазници само на подочниците. Ако случајно влезе во очи мора да се измие со поголемо количество вода.