3 начини да ги заштитите вашите заби

Колачите, газираните и овошните сокови ја оштетуваат забната глеѓ. Ја оштетуваат дури и портокалите и грејпфрутот.
Со време, оштетената глеѓ може да предизвика болка и чувствителност на забите на жешка, ладна или слатка храна.
Исто така доаѓа и до промена на бојата на забите.
Освен избегнување на храната што им штети на забите, постојат и неколку работи што можете да ги уфрлите во редовните хигиенски навики за да го спречите оштетувањето на глеѓта.
1. Не ги четкајте забите барем еден час откако сте јаделе кисела храна. Тогаш вашата глеѓ е најмека, па со четкањето побрзо ќе ја оштетите.
2. Користете сламки. Ако не можете да им одолеете на газираните пијалоци и овошно сокови, пијте ги со сламка колку што е можно почесто.
Така забите помалку ќе ги изложувате на киселини. Би било добро после сокот да се напиете и вода.
3. Набавете си нова четка. Со време влакната стануваат тврди, а меката четкичка е најдоброто што можете да го направите за своите заби.
Но, дури ни со меки влакна не ги четкајте премногу енергично.