3 СОВЕТИ ЗА ПОДИГНАТИ И УБАВИ ГРАДИ

Градите се делот од телото на кој посветуваме доста внимание, бидејќи знаеме колкава моќ има деколтето.
Без разлика дали имате мали или големи гради, веројатно некогаш сте незадоволни од нив и сакате да ги промените.
Во последните 20 години се прават илјадници пластични операции за зголемување на градите.
Можеби за овој тренд најмногу од сите придонесе Памела Андерсон, но овој тренд не е нешто што би требало да сакате да го следите.
Вашите гради се убави бидејќи се ваши, а за нив можете многу да направите со неколку мали интервенции.
Градите во најголем дел се составени од жлезди и масно ткиво, па со оглед на тоа што не се состојат од мускули не можете директно нив да ги вежбате, но врзани се со некои градни мускули и лигаменти со чие затегнување можете да го подобрите изгледот на вашите гради.
Нај делотворни вежби се секако женските склекови, со кои преку рацете го јакнете и градниот кош и лигаментите кои ги поврзуваат рамениците и рацете, односно рамениците и градите.
1- Ставете ги рацете во висина на градите, како да се молите, со лактовите кон надвор и потоа цврсто стиснете ги дланките една кон друга и држете така 5 секунди.
Повторете ја оваа вежба барем десет пати. Вежбите со тегови исто така даваат резултатит. Почнете со тегови од по еден килограм, а подоцна големувајте ја тежината.
2- Секако дека можете да користите и креми и серуми за да ја зацврстите кожата на деколтето и градите, но можете да посегнете и по друг делотворен и стар рецепт.
Туширајте се наизменично со топла и ладна вода. Неколку секунди водата нека биде толку ладна колку што можете да поднесете, а потоа заменете ја со топла.
3- Со оглед на тоа што во градите се наоѓаат лимфни јазли, секако дека е можно да го подобрите нивниот изглед и со масажа.
Не притискајте прејако и масирајте со движења во сите насоки, најмногу од подрачјето околу брадавиците кон рабовите.
Ова ќе го подобри протокот на лимфата низ ткивото и видлови ќе го подобри изгледот.
Бидете задоволни и среќни со вашите гради. Подобрете ги ако сакате со овие природни методи, а пластичните операции ставете ги како последен избор.
Ако не постои медицинска причина, нема причина да го сечете вашето тело. Оние кои ве сакаат, ќе ве сакаат и со тој број на градник што го носите сега.