4 ТИПА НА СТОМАК КОИ МОЖЕ ДА СЕ КОРЕГИРААТ

Дознајте како со мали промени на животниот стил да се решите од проблематичните делови на вашиот стомак.
Пред да се впуштите на ригорозни диети дознајте каква форма на стомак имате и како најлесно да се ослободите од вишокот килограми и сало на него.
Погледнете ги четирите најчести облици на стомак кои со мали промени на животниот стил можат да бидат решени.
Стомак како издишана гума
Овој тип на форма на стомак го имаат оние кои консумираат храна која содржи голема количина на шеќер, бел леб и тестенини. Но, овој вид на стомак лесно може да се редуцира со правилна исхрана и вежбање. Кажете им збогум на алкохолот и газираните сокови.
Стомак кој е предизвикан од стрес
Ваков стомак најчесто имаат личностите кои се перфекционисти. Ова го опишува проблемот со варењето. Кога сме под стрес телото излачува хормон кој се нарекува кортизол и кој предизвикува таложење на масните наслаги во долниот дел на стомакот.
Една од причините е прескокнување на оброците, брзата храна и дневното внесување на огромни количини на кофеин во организмот.
Ниско стомаче
Овој стомак е карактеристичен за презафатените мајки или жените посветени на кариерата и кај слабите и витки личности. Причината лежи во едноличната исхрана која често се повторува.
Обрнете внимание на храната која ја внесувате и движењето.
Подуен стомак
Подуениот стомак начесто е рамен во утринските часови, но во текот на денот станува очигледен. Без разлика на физичката градба и килограми, причината за овој стомак е подуеноста и варењето предизвикани од намирници кои не одговараат на вашиот организам, алергија или оброци сиромашни со витамини и минерали.
Водете сметка и консумирајте ги само оние намирници кои не ви причинуваат тегоби и подуеност.