4 клучни суплементи за зачувување на цврстината на коските

Резултатите од истражувањето објавени во НРЦ (Research Press list) јасно покажа какво влијние има велосипедизмот и слични активности врз човечките коски, кои ден по активностите стануваат прилично подложни на фрактури.
Се работи за лесна апсорпција која ја доживуваат нашите коските, а сето тоа го зголемува ризикот од фрактури и остеопороза во подоцнежните години.
Се се ова причини поради кои спортистите, особено велосипедистите треба да водат сметка за воведување на храна која ја чува густината на коските.
Постојат четири клучни состојки кои имаат директен ефект врз коските, како што се калциум, витамин Д, магнезиум и витамин Ц.
Калциум
Калциумот е најзастапен минерал во телото па дури 99 Потсто го има во коските.
Препорачаната количина на калциум за возрасни мажи и жени е 1.000 милиграми на ден, сепак овој износ огромен број на луѓе не го внесуваат.
Млекото и млечните производи се најдобар извор на калциум, исто така го има и во зелениот зеленчук како што е кељот, репката и зелката.
Витамин Д
Овој витамин му помага на организмот при апсорбирање на калциум. Се произведува во кожата кога е изложена на сонце без крем за заштита од сонце.
Покрај тоа може да се влезе во телото преку храна како што се рибите лосос и туна.
Се препорачува во текот на денот во организмот да внесете доза од 600 ИЕ (интернационални единици) витамин Д за возрасни.
Витаминот Д исто така се наоѓа во млекото, јогуртот, житарките и сокот од портокал.
Четвртиот најзастапен минерал во телото кој помага во зачувување на цврстината на коските.
Возрасните мажи треба дневно да внесат доза од 400-420 милиграми, додека за жените се препорачува доза од 310-320 милиграми.
Магнезиумот може да се најде во намирниците како што се грав, леќа, ореви, бадеми и млечни производи.
Витамин Ц
Веројатно најпопуларниот витамин во фармацевтската индустрија може да помогне да се спречи фрактура на коските и исто така го стимулира нивниот раст.
Истражувањата на Бејлор универзитетот докажало дека витаминот Ц може да биде многу важен за коските исто како и калциумот и витаминот Д.
На возрасните мажи им се потребни 90 милиграми витамин дневно, додека за жените се препорачува доза од 75 милиграми.
Сокот од портокал е одличен извор на овој витамин, исто така и другите агруми, брокулата, јагодите кои меѓу другото содржат големи количини на овој витамин.
Комбинацијата на овие материи дефинитивно ќе ви помогне вам и на вашите коски да се справи со тешкотиите што ги чекаат во животот, а исто така ќе биде одличен сојузник во борбата со времето што неминовно ги уништува.