4 ПРАВИЛА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КИЛАЖАТА

Дали и вие упорно вежбате и применувате соодветна исхрана но не слабеете?
Ако е ова вашиот случај, тогаш на вашиот досегашен режим додадете ги овие 4 едноставни правила кои ќе ви помогнат побрзо да го изгубите вишокот килограми.
Вежбајте со мали тегови
Вежбајте со мали тегови бидејќи според истражувањата, жените кои вежбаат со тегови од 1 или 2 килограми само два пати дневно, губат 15% повеќе масни наслаги околу стомакот во споредба со оние кои не прават никакви физички активности.
Со вежбањето со тегови ќе ги намалите мастите за 4%.
Внесувајте малку сол
Умерено посолувајте ја вашата порција, а кога седнувате да јадете тргнете ја солта од масата, бидејќи се верува дека на тој начин ќе го намалите количеството на сол за 30%.
Наместо обичната сол, користете морска сол или пак лимонов сок како зачин.
Не Вечерај те
Можеби ова сте го слушнале милион пати, но редно време е да почнете да се придржувате кон ова правило.
Навечер работата на метаболизмот е значајно поспора, па затоа се препорачува внесување на минимална количина на храна.
Јадете нешто лесно како што се житарки, супа или напијте се една чаша јогурт.
Спијте
Добриот сон го намалува апетитот, а научниците заклучиле дека оние луѓе кои спијат малку, на пример по само 4 часа, во текот на денот имаат зголемен апетит за 23% од оние кои спијат подолго.
Овој факт е поткрепен со тоа дека ако вашиот организам е ненаспан и уморен, има потреба од повеќе енергија која во текот на денот обично се надоместува со храна, наместо со сон.