5 ВЕЖБИ ЗА ПОДОБРО РАСПОЛОЖЕНИЕ

Кога сте под стрес или кога не сте расположени целото ваше тело не може да се опушти а тоа е причина за појавата на несоници и пад на имунитетот.
Па затоа, редовно вежбајте за да ги ублажите овие негативни последици.
Со овие пет вежби за пет минути решете се од негативната енергија.
Прва вежба
Застанете исправено, грбот исправен и рацете подигнати над главата и преклопете ги.
Држете ги над главата неколку секунди и спуштете ги на висина на рамената. Повторете девет пати.
Втора вежба
Стојте исправено и малку горниот дел на телото свртете го на десна страна, рацете подигнете ги над главата.
Со едната рака фатете го зглобот на другата и истегнете се девет пати. Повторете го ова свртени на лево.
Трета вежба
Раширете ги рацете најмногу што можете и земете длабок здив, но кога ќе вдишите донесете ги рацете пред себе. Повторете девет пати.
Четврта вежба
Испреплетете ги шаките над глава и истегнете се.
Притоа спуштете го предниот дел на делото и главата до колената, со тоа што рацете ќе ви бидат над глава. Повторете девет пати.
Пета вежба
Ставете ја левата рака на срцето а десната на стомакот и земете длабок здив.
Дишете и издишувајте, заокружете ја вашата фитнес терапија со оваа вежба.