5 видови храна одлични за здрав појадок

Појадокот е најважниот оброк, секој го знае тоа. Сепак, многу луѓе го прескокнуваат или поткаснуваат нешто уз пат бидејќи тие немаат време за целосен оброк.
Подобро е да се разбудите 15 минути порано, отколку да го прескокнете својот утрински оброк уствари енергијата за тој ден.
Ние ви даваме пет примери на едноставен и здрав појадок, кој ќе обезбеди доволно енергија за да се справите со обврските за тој ден.
1. Гранола: овој вид на мусли житарки е совршена комбинација на растителни влакна и омега-3 масни киселини и затоа е идеална за да го започнете денот.
2. Интегрална кифла: сите ние знаеме дека е поздрава од кроасан и леб направени од бело брашно и ни дава повеќе енергија, но исто така и полесно се вари и нема да се чувствувате како со полн стомак, но во исто време сте гладни.
Ако додадете и лажичка путер од кикирики – мирни сте до ручек.
3. Јогурт пробиотик: богат со протеини, калциум и витамин Б а пробиотиците го подобруваат за варењето на храната.
Многу покорисен е од овошниот јогурт, затоа што тоа не содржи додадени шеќери, освен природната лактоза.
4. Сок од домат: богат со ликопен, кој го штити срцето и кардиоваскуларниот систем и помага во борбата против рак.
Бидејќи нема шеќер, подобро е и помалку калоричен од овошните сокови (28 калории по чаша).
5. Црвени бобинки: многу антиоксиданси, содржи многу малку шеќер, идеални се за ужина и грицкање и сите видови на овие плодови се многу вкусни.