5 ликови што многу нервираат во фитнес центар!

Иако салата за вежбање треба да биде место предвидено за дополнување на енергија по напорниот ден и треба да овозможи бегство од реалниот свет и да заборавите за сите други животни предизвици, сè навистина и е така се додека не се појават одредени ликови.
Постојат пет видови на личности со специфично однесување во салата за вежбање што за повеќето вежбачи се вистински кошмар.
Секој од вас кој најмалку еден месец вежбал во “теретана” тоа го знае многу добро.
Константно бучен “супер силен” лик
Испуштање крици при кревање максимална тежина е нешто што може да се смета за сосема нормално во салата, сепак, правење врева постојано, во текот на целиот тренинг е одлика на вежбачи од омразен тип што другите вежбачи едвај го поднесуваат.
Тој обично вежба со тежини повеќе одколку што неговите мускули можат да издржат, и претставува значаен иритирачки фактор за сите други кои немаат слушалки во ушите зголемени до максимум.
Лик од чија пот се поплавуваат уредите
Тешко е на тренинг дури и одвратно да се најдете во ситуација во која еден лик мокар како да излегол од пливање во базен со облека, остава влажни траги на секој уред во фитнес салата и секако при тоа не користи крпа или пешкир..
На остатокот од вежбачите им е дури и многу непријатно да реагираат а во секој случај најдобро е персоналот во салата да се објасни со ваков безобразен лик.
Дебел лик кој дава совети
Веројатно ниту една област на човечкиот живот не може да се пофали со толку многу “експерти” како бодибилдингот.
Првиот и секако “најфасцинантен меѓу нив е оној со пивски стомак” кои повеќе од често си зема за право дури и на оние кои се во одлична форма да ги советува за тренингот и исхраната.
Обично тоа се типови чии совети ќе бидат сослушани а потоа, веднаш штом ќе си заминат секој од вежбачите продолжува онаму каде што застанал пред “интервенцијата” на ваквите “стручни лица”.
Селфи ликови кои доаѓаат во салата за да се сликаат
Додека во теретаната доаѓаат луѓе со просечен начин на живот и вежбаат од различни причини, добар дел од вежбачите доаѓаат за да може да се каже дека вежбаат и се “кул”.
Тие се карактеризираат со тоа што мора да аправат неколку селфи фотки за време на тренингот и да ги објават на социјалните мрежи, да се пофалат дека имаат скапи и специјализирани фитнес шарени облеки, многу често и шминка, а од далечина може да се забележи дека вршат повеќе од лош тренинг, бидејќи тренингот и не име во преден план.
Најчесто висат пред огледалата и постојано се фотографираат а доколку седнат на некој уред не вежбаат туку прават пози за фотографирање.
“ШЕФ” во соблекувалната
Човек кој целосно гол седи во соблекувалната, неговите алишта и опрема се расфрлени низ целата соблекувална така да нема простор другите да седнат или да се пресоблечат или така шета наокулу и разговара со секого размислувајќи дали да се истушира, треба да разбере дека не се разликува од останатите, дека не е интересен туку досаден во споредба со другите и на тој начин само ја потенцира својата глупост.