5 НАМИРНИЦИ ЗА ВИТКОСТ

Многу витки луѓе се токму такви поради својата добра генетика, но тоа не е случај со сите нив.
Голем дел од нив сепак внимаваат на својата исхрана, додека други сами по себе правилно се исхрануваат.
Ако сакате и вие да се вброите помеѓу витките луѓе, тогаш ви откриваме што тие најчесто редовно консумираат.
1. Јаткасто овошје
Кога витките луѓе сакаат нешто да грицкаат, тие најчесто посегнуваат по јаткасто овошје.
Една нова британска студија ни открива дека оние кои редовно консумираат јаткасто овошје се значајно повитки од оние кои воопшто не го јадат.
Јаткастото овошје изобилува со протеини и влакна и предизвикува силно чувство на ситост. Одлучете се за бадеми, фстаци или кикиритки, бидејќи содржат најмалку калории и масти.
2. Млечни производи
Повеќе американски универзитети се здружија во проучувањето на навиките во исхраната на повеќе од 7.000 возрасни луѓе во текот на три години.
Тие откриле дека високото ниво на калциум во млекото и јогуртот помага во регулирање на метаболизирањето на мастите и во зголемување на количеството на масти кои се исфрлаат.
Претходните студии пак ни ја открија и поврзаноста помеѓу консумирањето на млечни производи и слабеењето.
3. Авокадо
Една студија ни отри дека токму оние кои консумираат половина авокадо за ручек ќе бидат подолго сити и помалку гладни во подоцнежните часови, во споредба со оние кои не го јадат ова овошје.
Здравите мононезаситени масти го одржуваат нивото на шеќер стабилно, што е многу важно за одржување на ситоста.
4. Овесна каша
Витките луѓе за појадок јадат овесна каша, која изобилува со влакна бидејќи знаат дека таа ќе го поттикне нивниот метаболизам и ќе ги одржи сити се’ до ручекот.
Една студија ни откри дека луѓето кои јадат помалку од шест грама диетални влакна дневно ќе ја зголемат својата тежина за 4 килограми повеќе од оние кои внесувале барем 11 грама диетални влакна во текот на десет години.
Колку за пример, чинија со овесна каша со малку банана како додаток и една рака исецкани лешници обезбедува токму 11 грама диетални влакна.
5. Лути пиперки
Научниците од Универзитетот Пурдју откриваат дека луѓето кои додаваат лута пиперка во своите оброци чувствуваат помала потреба за масна, солена и слатка храна.
Други студии пак покажаа дека капсацинот од лутите пиперки го поттикнува метаболизмот.