5 намирници за поцврсти коски

Млекото и млечните производи се добро познати како одлични намирници за здрави и цврсти коски.
Сепак, во својата исхрана можете да ги вклучите и овие намирници, за кои нутриционистите тврдат дека содржат хранливи материи што ќе ги зацврстат вашите коски и ќе ги спречат заболувањата, како остеопороза.
1. Риба
Млекото, сирењето и јогуртот нема многу да ви помогнат без дневната доза на витамин Д, кој му помага на телото да го апсорбира калциумот. Рибата е одличен извор на витамин Д.
2. Банани
Ова тропско овошје е непресушен извор на калиум, кој исто така придонесува за здравјето на коските. Во една банана има околу 400 милиграми калиум.
3. Соја
Сојата е богата со белковини и е одличен извор на калциум. Се препорачува возрасно лице дневно да внесува 1.000 милиграми калциум.
4. Бадеми
Јаткастото овошје, како и маслиновото масло, е богато со масти. Бадемот е богат со калциум и со магнезиум, кои се непоходни за здрав скелет.
5. Компир
Компирот е исто така, како и бананата, одличен извор на калиум, а во еден компир има дури 700 милиграми од овој минерал.