5 намирници што не се расипуваат

Секое кујнско плакарче крие во себе производи за кои не сме сигурни од кога се таму и дали треба да ги фрлиме или може да се искористат.
Ви даваме список од пет производи од чии кутии можете да го симнете правот и слободно да ги употребите, без страв дека им истекол рокот на траење.
1- Ориз
Рок на траење има само кафеавиот шеќер кој е помрсен па затоа може да се расипе.
Но неговиот рок на траење можете да го продолжите доколку го чувате во херметички затворени садови во фрижидер.
2- Сол
Во најлош случај, солта може да се стврдне. За да го спречите тоа, чувајте ја на суво, темно место на кое ќе ја сочува структурата.
3- Мед
Медот може да кристализира или да смени боја, но заради своето антибиотско дејство, не може да се расипе.
Медот чувајте го на ладно, а доколку кристализира, теглата ставете ја во топла (не во врела) вода и мешајте додека не се врати во првобитната состојба.
4- Шеќер
Без оглед дали станува збор за бел или за кафен шеќер со голем процент на меласа, овој производ никогаш не се расипува.
Во што е тајната? Шеќерот е непријателско опкружување за бактериите во кое тие не можат да живеат и да се размножуваат.
Единственото за што треба да водите сметка е шеќерот да биде на суво и во добро затворен сад.
5- Екстракт од ванила
Заради алкохолот што го содржи, екстрактот од ванила нема рок на траење туку со време созрева.
Чистиот екстракт има повисок алкохолен процент и трае вечно, додека вкусот на аромата на ванила неколку месеци по отварањето ќе стане послаб.