5 неопходни работи за квалитетен тренинг

За било која физичка активност која ќе има позитивен ефект врз вашето тело, потребно е да го знаете следново:
1. За квалитетен тренинг од суштинско значење е добар сон.
Ако не сте убаво спиени, нема да имате сила за тренирање. Ако сте одморени и наспиени ефектот ќе биде одличен.
Ќе имате доволно енергија за да ги направите сите вежби на правилен начин или да трчате онолку километри колку што сте одредиле.
Не е важно дали сте во салата но сонот е од суштинско значење за вашата сила и расположение.
2. Ако сте гладни, прескокнете го тренингот.
Ако сте гладни и отидете на тренинг ќе го исцрпите организмот.
Нема да ви прија физичката активност. Послем тренинг ќе имате обилен оброк и ќе ви смета количеството на храна во стомакот.
Прејадувањето е многу лошо но и гладувањето. Пад на имунитетот е последица од форсирање на тренинзите.
Не се исцрпувај те себе си затоа што тоа нема позитивни ефекти. Обидете се да имате неколку помали оброци на ден.
Потребно е постојано да се хидра телото. Водата е од суштинско значење за телото.
Затоа, веднаш штом ќе ги отворите очите, испијте една чаша вода.
Во текот на денот, пијте вода, бидејќи кога сте физички активни, потребно е зголемување на внесот на течности.
3. За соодветен тренинг и правилното функционирање на вежбите потребна е опрема.
Пред се патиките се најважното парче на опрема. Без удобни патики не тргнувај те на тренинг или трчање.
Често се прават грешки па се облекуваат кратки и тесни маици, многу тесни тренерки и слично.
За време на тренингот треба да бидете во удобна облека, што значи без тесна гардероба.
Ако сакате правилно да ги направите вежбите и да активирате одредена мускулна група облечете го она што ќе ви помогне да се наведнувате и да се движите слободно. Не заборавајте на шише со вода.
4. Изедете банана веднаш по тренингот!
Веднаш после тренинг јадете банана. Нахранете ги вашите мускули. Не чекајте долго за оброк. Нека вашиот оброк биде умерен.
Овошје и зеленчук е неопходно да внесувате секој ден. Витаминот Ц е важен за одржување на имунитетот.
Банана смути е добар избор, ако немате банана со вас додека чекате да се вратите дома.
5. Фокусирајте ги своите мисли само на тренингот.
Заборавете на проблемите и оставете го мобилниот телефон во шкафчето во гардеробата. Кога вежбате или трчате заборавете на времето.
Ако гледате на часовникот, времето нема да работи за вас.
Кога правите стомачни фокусирајте го вашиот ум на она што сакате да го постигнете како и кога правите било која друга вежба.
Ако брзате и се грижете за тоа како не сте ја постигнеле саканата форма или тежина и никогаш нема.
Кога тренирате, вие пред се ја тренирате својата психа и се учите на здрави навики.
Правилната исхрана, правилно држење на телото и поголема самодоверба е само дел од она што го добивате.
Кога трошите енергија, таа ви се враќја дупло поголема. Колку пати ви се случило после тренинг да не сте уморни туку полни со енергија? Така и треба.
Спакувајте ја и вашата воља заедно со патиките !!!