5 непријатели на плодноста

За половите органи да функционираат нормално исто како и другите органи и тие бараат одредени услови.
Некои работи кои ги правиме во животот едноставно не се од корист за здравјето на гениталните органи а со тоа не се корисни ни за плодноста.
Ви откриваме неколку причини кои можат да влијаат врз вашето здравје.
1- Вегетријанство
Вегетаријанството не е здрав начин на живот. Колку и да ви даваат совети да јадете овошје и зеленчук, сепак исхраната сведена на зеленчук, не е здрава.
Како што се однесува за гениталиите, за плодност, така и за било кој друг дел од телото.
2- Прекумерно слабеење
Дебелината е отворен непријател на плодноста, но исто така и прекумерната слабост.
Многу професионални спортисти имаат тенденција да немаат никако телесни масти, но тоа може да предизвика проблеми во процесот на синтезата на хормоните и да ја наруши плодноста.
3- Наркотици и лекови
Лековите и наркотиците влијаат на синтезата и секрецијата на гонадотропин во хипофизата, што е директно поврзано со намалување на плодноста.
4- Сексуално преносливи болести
Многу од сексуално преносливите болести ја уништуваат пред се женскиот фертилитет.
Незаштитен секс може да предизвика голема штета, затоа редовно одете на прегледи и не практикувајте незаштитен секс.
5- Пушење
Пушењето е многу поштетно за вашата плодност отколку што мислите вие.
Една студија покажа дека жените кои почнуваат да пушат пред 16 години и остануваат активни пушачи имаат зголемен ризик од абнормалности во јајниците, а со тоа и неможноста на бременост.