5 работи што најчесто жените ги кријат од своите партнери

Ви ги откриваме петте работи што жените ги кријат од својот партнер:
1- Личен успех
Жените се во состојба многу да работат и така успеваат да ги остварат најголемите цели, а кога ќе дојдат дома, тие не разговараат со партнерот за работата.
Тие стравуваат дека на овој начин можат да го повредат партнерот, дека тој може да се чувствува помалку важно од нив, па затоа често одлучуваат нивниот успех на работното место да помине незабележано.
Сепак да бидеме реални, ако мажот не е задоволен заради вашите успеси, тогаш тој навистина не е вреден животот да го споделите со него.
2- Сексуални фантазии
Жените ретко разговараат за сексот, а кога сакаат да говорат за интимни теми, често прибегнуваат кон блиските пријатели.
Често се жалат дека сопругот не ги задоволува, но вистината е дека, нивниот пријател, освен сожалување не може да им понуди решение.
Кога ќе ги споделите вашите фантазии со сопругот или кога ќе му кажете што ве возбудува, вашиот сексуален живот значително ќе се подобри.
3- Проблеми со здравјето
Кога жената ќе забележи младеж со неправилен облик или израсток на дојката, најверојатно тоа ќе го скрие од својот сопруг.
Првата личност со која ќе разговараат за ова, ќе биде нивната мајка или сестра.
Жените главно молчат затоа што сакаат да ја негираат целата ситуација, но тоа не значи дека проблемот ќе исчезне.
Ако го споделите овој проблем со вашите сопружници, најверојатно ќе добиете поддршка и ќе се чувствувате многу полесно отколку ако одлучите да ги чувате во тајност вашите сомнежи и загриженост.
Всушност, единствената предност на бракот е тоа што партнерите можат да се потпрат еден врз друг во било кое време и за секој проблем што се појавува во нивните животи.
4- Пари
Криењето пари од сопругот е златно правило што жените го учат од нивните мајки.
Тоа за нив е единствениот начин да имаат некоја резерва настрана, во случај бракот да не успее.
Сепак, тоа што ја криете вистинската состојба на вашата банкарска сметка не е идеално решение, затоа што во бракот не би требало да криете пари, а ако размислувате дека парите ви се сигурност, во случај бракот да не ве изневери, тогаш најверојатно тој брак нема ниту да успее.
5- Проблеми во бракот
Животот на омажените жени е постојана борба, исполнета со превирања и несогласувања околу родителството и домашните обврски, како и за голем број поинакви работи.
Жените често имаат проблеми со своите партнери и тивко страдаат во себе си и така не го решаваат проблемот.
Тие најчесто си го поставуваат прашањето: Дали воопшто вреди да се борам за него и за бракот?
Дури и кога се 100 отсто сигурни дека вреди да се борат, тие често не разговараат отворено со партнерот за нивниот однос.
Ова не е фер кон мажите, затоа што жените не им даваат прилика на мажите да се борат за истиот брак во кој што се наоѓаат.
Жените би требало да кажат се гласно, а потоа заедно да одлучат дали вреди да се борат за бракот или не.