5 СОВЕТИ ЗА НОСЕЊЕ ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ

Високите потпетици се посебна религија за нас дамите. Додека за некои високите потпетици претставуваат секојдневие, дел од женската популација не ги обожува.
За чекорење со високи потпетици не треба посебна обука, потребна е само пракса и почитување на некои корисни совети, кои доколку сакате безгрижно да уживате во времето поминато на високите потпетици, едноставно морате да ги почитувате.
1. Доколку се работи за нов пар на чевли, задолжително разгазете ги пред големото излегување. Секој ден направете неколку кругови низ вашиот дом, а на тој начин вашата нога ќе се навикне на високите потпетици и нема да имате никаков проблем при нивното “официјално” носење.
2. Правилната положба на телото е едно од најважните правила. Одете исправени и подигнете ја брадата.
3. Доколку планирате целата вечер да ја поминете на нозе, најдобрите чевли за вас се сандали со што помалку каивчиња или чевли кои не ве притискаат. Совет плус е да не ги соблекувате чевлите се додека не стигнете дома, бидејќи тоа само ќе ја влоши ситуацијата.
4. Иако сите не привлекуваат вртоглаво високите потпетици, важно е да знаете дека чекорењето со нив трае од еден до два часа. Не претерувајте со ултра високи потпетици независно од моменталниот тренд.
5. Одењето на високи потпетици е една работа, а танцувањето и одењето по скали е сосема друга. Кога се движите важно е да газите со целото стапало, но, кога играте потпрете се само на предниот дел. на овој начин ќе избегнете несреќи како лизгање со потпетиците или пад.