5-те предности на БЦАА суплементите

БЦAA познат како разгранет синџир на аминокиселини, се состои од три важни амино киселини (1) леуцин, (2) изолеуцин, (3) валин и секоја од овие киселини има единствена содржина.
Амино киселините се главни состојки на протеините, тие се хемиски соединенија кои кога ке се приклучат на хемиски процес се создаваат протеини.
Кога протеинот се консумира, нашето тело го разложува протеинот во амино киселини пред да влезат во крвниот системот на нашето тело.
Предности и најдобар избор
Од 20 амино киселини кои нашето тело ги користи, 11 се основни и задолжителни додека останатите 9 амино киселини – 3 се БЦАА – нив телото не може да ги произведе природно и мора да се внесуваат низ исхраната во нашето тело.
Причината зошто БЦАА суплементите се важни е дека тие се единствени аминокиселини кои не се метаболизираат во црниот дроб, што ги прави достапни за мускулите и за мускулната маса на телото, каде што реагираат на начин што директно помагаат во развојот на мускулите.
Месото и сурутката содржат висок процент на БЦАА. И ако го набљудувате развојот на вашето тело кога дирекно консумирате БЦАА или од друга страна кога внесувате храна која ги содржи овие амино киселини ќе ги забележите предностите од БЦАА.
Особено во време околу вежбањето, додатоци во исхраната со БЦАА го стимулирата забрзувањето на протокот на крв низ мускулите, повеќе откога се консумира храна збогатена со амино киселини што секако побрзо го поттикнува и правилниот развој на мускулите.
Пет предности на БЦАА суплементите
1. БЦАА ја подобрува синтезата на протеини. Постои ген во мускулните клетки наречени mTOR, кој го стимулира активирањето на синтезата на протеини во мускулите.
Со консумирањето на БЦАА суплементите, особено леуцин се поттикнува овој процес и ја забрзува протеинската формација на мускулите.
Ова го наметнува прашањето: “Зошто ние ги консумираме сите 3 БЦАА суплементи кога само леуцинот ја стимулира синтезата на протеините во мускулите?”
Бидејќи ова е прилично ново откритие, се уште нема доволно истражувања и докази дека е подобро да се консумира само леуцин наместо БЦАА суплементи, па затоа се препорачува да се задржите до познатите и научно докажани работи како конзумирање на БЦАА суплементи.
Сè до тогаш се разбира се препорачува консумирање на БЦАА суплементи со можеби зголемен процент на леуцин.
Исто така треба да се напомене дека mTOR генот е исто така предмет на истражување за пролиферација на клетките на ракот.
2. БЦАА го поттикнува губењето на непотребната маса од телото. Во неколку научни студии кои се спроведени, БЦАА го стимулира елиминирањето на непотребната маса во телото.
Една голема студија во која биле вклучени околу 4.000 луѓе докажа дека оние кои консумираат БЦАА додатоци побрзо ја разградуваат непотребната маса на телото од другите.
Важно е да се разбере дека корелацијата не значи каузалност. Сепак, резултатите се прилично убедливи.
3. БЦАА го намалува губитокот на мускулната маса. БЦАА суплементите се исто така познати како анти-катаболици и ова е особено важно за некој кој сака да ослаби и да ја разгради непотребната телесна маса во телото бидејќи загубата на непотребната тежина во телото е многу веројатен кога ќе консумирате производи кои имаат ограничена количина на калории.
4. БЦАА додатоците делуваат на мускулите, без оглед на возраста. Процесот со кој БЦАА делува на мускулите е веќе опишан во текстот.
БЦАА додатоците влијаат на мускулите на стари лица скоро исто како и кај помладите лица.
Впрочем на многу начини, БЦAA суплементите делуваат подобро кај постарите лица, бидејќи mTOR генот го намалува присуството на леуцин кај постарите лица и затоа кај оваа категорија на луѓе повеќе се препорачува користење на БЦАА додатоци.
5. БЦАА суплементите обезбедуваат многу други предности и ефекти. БЦАА додатоците може да ја подобрат ефикасноста на мозочните клетки, што може да се рефлектира со подобро расположение и може да помогнат во регулирањето на крвниот притисок.
Значи БЦАА суплементите треба да бидат на врвот на листата за конзумирање поради сите овие позитивни ефекти.