6 Активности кои најмногу трошат калории

Кога станува збор за кардио активности, трчањето и возењето велосипед дефинитивно не се единствените вежби кои помагаат во интензивно топење на калории и на масните наслаги.
Меѓу кардио вежбите тука уште може да се класифицираат аеробик, пливање, скокање јаже, и сите форми на вежбање во високи интервали и со висок интензитет.
Со оглед на нивната разновидност, која дава можност за избор на саканите вежби секако по избор и способностите на учесниците, треба да знаат и што е ефикасно на секоја од овие активности одделно.
Аеробик
Иако постои една цела серија на подвидови на аеробик, заеднички за сите нив е дека овозможуваат многу ефикасна физичка активност, овозможувајќи топење на калориите во опсег од 500 до 700нза еден час, во зависност од тежината.
Возење велосипед
Една од најзабавните физички активности која лесно може да се комбинираат со реалните потреби на транспорт, сигурно е возењето велосипед. На овој начин е можно да се изгорат околу 500 калории на час.
Трчање
Најпозната кардио вежба од сите, со која поголемиот дел од физички активните лица ја одржуваат целокупната кондиција, за еден час може да изгорат 550 калории.
Пливање
Пливањето е една од најефективните физички активности без било какво сомневање, бидејќи ги опфаќа сите мускули на телото, а не само на нозете и рацете како што можеби наизглед изгледа.
Оваа активност овозможува потрошувачка на окулу 650 до 700 калории на час.
Скокање јаже
Едно од најдобрите можни загревања но и кардио вежба генерално.
Не бара многу простор, опремата е мала евтина, а за еден час согорува околу 750 калории, што е прилично неверојатно.
Вежби со висок интензитет
Сите други вежби кои може да се вршат во интервали на висок интензитет, може да бидат ефикасни до степен да овозможат топење на 300 калории за само 20 минути.
Дури и со вежбите со тегови е можно да се изврши една таква обука “HIIT” тренинг, а суштината е целосно скратен или да нема одмор помеѓу сериите.
Комбинација на серија од вежби со сопствена тежина, како што се склековите, стомачните вежби, сквотовите, скокови може да резултира со фантастичен висок интензитет на вежбање, кое по потрошувачка на калории ги надминува сите други вежби.