6 ОСОБИНИ КОИ СЕКОЈА ЖЕНА ЈА ПРАВАТ НЕОДОЛИВА И СЕКСИ

И ниту еден маж нема да остане рамнодушен…
Кога велиме “секси”, за поголемиот дел од луѓето прва асоцијација ќе биде згодна девојка во провокативна облека или најдобро, без облека.
Меѓутоа, вистинското значење на тие зборови е далеку од тоа што денес се смета за сексапил.
Поголемиот дел од вас веројатно и кликнале за да ја прочитаат оваа статија очекувајќи список од атрибути како на пример згодни и витки нозе, неодолива насмевка, заносна коса…
Меѓутоа, она што медиумите го нудат како сексапил, е само мал дел од целата сложувалка.
Прво што мора да направиме е да ве разувериме дека само жените во магазините, рекламите и кампањите се секси.
Всушност постојат многу други фактори кои што го сочинуваат сексапилот во вистинска смисла на зборот.
Самодоверба
Самодовербата е главниот клуч на сексапилот.
Нема личност која што ќе остане рамнодушна во друштво на жена која што е свесна за своите квалитети.
Амбиција
Амбицијата дава цел и насока кон каде да се движиме во животот.
Оваа особина може да делува како одличен афродизијак за мажите.
Жената со која може да се освои светот и која што ќе може да го турка и својот партнер кон повисоки и подобри цели е многу посексапилно од било која надворешна сексапилност.
Страст
Страст кон животот. Страст кон некоја друга личност. Страст кон работното место, некое хоби, музиката, уметноста…
Да се надгледува жена која што со страст извршува некоја своја работа е многу посексапилно од провокативните модели, објасниле токму момците во една анкета спроведена во САД.
Љубезност
Една од најубавите особини денес е толку многу ретка во општеството што прави да биде неверојатно привлечна за спротивниот пол.
Да се покаже љубезност и човечност кон другите луѓе, да се понуди помош или да се сослуша некој, стана толку неопходно во модерното општество, што жената со ваквите квалитети, долго, многу долго, ќе остане во сеќавањето на спротивниот пол.
Искреност
Кога една жена не се менува по ниту една цена и му се претставува на светот токму во своето реално светло, и притоа е горда на тоа што го говори за своите квалитети е исклучително привлечно за спротивниот пол.
Колку долго некој може да биде во врска или да биде заљубен во една преубава и презгодна жена која што често знае и да лаже?
Толку долго додека да пројде ефектот на надворешната привлечност. А потоа, секој зрел маж ќе тргне во потрага по искрена девојка која што ќе го исполни на сите полиња.
Интелигенција
Колку и да е фантастична надворешноста, ако интелигенцијата е на ниско ниво, и сексапилот ќе исчезне исклучително брзо.
Интелигентната девојка не само што ќе умее на интересен начин да им одговори на провокациите, туку и ќе умее и да ве насмее и воодушеви со својот став и знаење.
Има ли нешто посексапилно од тоа? Секако дека нема.