6 Реченици кои сака да ги слушне секој маж

Мажите често ни замеруваат дека многу зборуваме.
Сепак постојат и реченици што им значат.
Ви откриваме кои фрази сите мажи сакаат да ги слушнат:
1- Ти Благодарам !
Ако по хаотичниот ден на работа дома ве пречка ручек, цвеќе или измиени садови, тоа заслужува едно искрено „благодарам“, иако е сосема нормално понекогаш и мажот да сработи нешто по дома.
Веројатно и вие би сакале тој често да ви се заблагодарува за нешто што го правите.
2- Мислам дека би требало…
Иако повеќе не сме деца, убаво е од време на време да почувствува дека некој се грижи за него и да му каже дека нешто треба да направи.
Не секогаш, нормално.
3- Се гордеам со тебе 🙂
Мажите сакаат да слушнат пофалби за нивните достигнувања, но тоа никогаш јавно нема да го кажат.
Малку фалење нема да наштети никому, а многу значи.
4- Во 9 часот, се гледаме …
Не велиме дека жената секогаш треба да ја презема одговорноста за излегувањето, но понекогаш може и тоа да се случи.
Мажите мислат дека тоа е секси и нема некој што нема да се согласи со ова.
5- Мислам дека таа онаму те „мерка“
Мажите сакаат да почувствуваат малку љубомора кај својата партнерка, но ова е изјава со која лесно може да се претера, затоа внимателно.
„Тоа ќе ја поттикне неговата самодовреба во моментот, а и ќе му покаже дека сте среќни што тој е ваш“, велат стручњаците.
6- Те сакам и Ти си ми најважен на светот !!!
Мажите сакаат да се чуствуваат сакани како и ние жените.
Затоа треба да се чуствуваат сакани и како да ни се најважни на светот а тоа треба почесто и да им го кажуваме 🙂