6 чекори за да го намалите високиот крвен притисок

Што е всушност крвниот притисок ? Тоа е притисок на крвта на ѕидовите на крвните садови (артерии) во секој дел од телото.
Притисокот е променлив, се менува во текот на денот и ноќта и е подложен на многу надворешни и внатрешни влијанија.
Нормалната вредност на крвниот притисок, кој овозможува нормален живот а не го оштетува системот на крвните садови, е 120/80 а зголемен се смета оној над 140/90.
Ако вашиот притисок е превисок, тоа дополнително ги оптоварува срцето и крвните садови.
Со време, тоа дополнително оптоварување може да ги оштети органите на телото и да предизвика здравствени проблеми.
Ако имате висок крвен притисок и не го контролирате, се зголемува ризикот од срцев и од мозочен удар.
Високиот крвен притисок може, исто така, да предизвика срцеви болести и болести на бубрезите, а се поврзува и со некои облици на деменција.
Симптоми на висок притисок
Повеќето луѓе кои имаат зголемена вредност на крвниот притисок не се ни свесни за тоа, бидејќи немаат никакви тегоби ни симптоми.
Повремено кога притисокот е исклучително висок, може да почувствуваат болка и притисок во главата.
Уште некој од можните симптоми е црвенило на лицето, кое е последица од зголемено ширење на крвните садови на кожата поради зголемен доток на крв и крварење од малите капилари во носот.
Тоа се случува поради чувствителноста на капиларите кои не успеваат да го издржат внатрешниот притисок и затоа пукаат.
Понекогаш болниот полесно се заморува, отежнато ги врши секојдневните работи и слабо се концентрира.
Вознемиреноста и забрзаната работа на срцето знаат индиректно да предупредат на зголемен притисок.
Наброените знаци вообичаено може да бидат присутни во раната фаза на болеста.
Јасно е дека најчесто зголемениот притисок се открива случајно со мерење притисок на преглед.
Улогата на здравиот начин на живеење
Ако ви е дијагностициран висок притисок, едно од решенијата се лековите кои ќе ви ги препише лекарот, а како второ – почнете да живеете здраво и така да го намалите притисокот.
Следните шест промени во вашата прехрана и активност може да влијаат на вашиот крвен притисок.
1. Повеќе овошје и зеленчук
Консумација на овошје и зеленчук го намалува крвниот притисок . Возрасните секојдневно треба да земаат по пет оброци овошје и зеленчук.
Еден оброк изнесува 80 грама, што е околу една ваша дланка. Јадете разни видови овошје и зеленчук.
Тоа може да биде сушено, смрзнато или конзервирано овошје и зеленчук, но внимавајте на дополнителната сол, на шеќерот или на маснотиите.
Лук, кромид или цвекло се одлични продукти за намалување на крвниот притисок.
2. Храна со малку сол
Премногу сол го зголемува крвниот притисок, па морате да го намалите внесувањето сол.
Повеќето од солта што ќе ја изедете не е онаа сол со која ја посолувате храната – леб, житни зрна и готови јадења.
Немојте да додавате сол кога готвите или дополнително да ја солите храната.
Кога ќе купите храна, проверете ги натписите на пакувањето и изберете храна со низок процент на сол.
3. Движете се
Триесет минути умерено вежбање, пет пати неделно, го одржува вашето срце здраво и може да го намали крвниот притисок.
Ако не можете да најдете 30 минути за вежбање во тек на денот, ќе си помогнете ако и минимално ја зголемите активноста.
Идеална е секоја активност која ќе ве испоти и при која ќе останете без малку здив.
4. Одржувајте нормална тежина
Ако е потребно, ослабете. Тоа ќе го намали вашиот крвен притисок и ќе го намали ризикот од срцеви заболувања.
Најдобар начин да ослабете е да изберете немасна и нискокалорична храна и да ја зголемите физичката активност.
Не треба да држите диета за да ослабете. Поставете си реалистични цели.
Направете мали измени во својата исхрана и во физичката активност, така што истите ќе можете да ги практицирате цел живот.
5. Научете да се носите со стресот
Докажано е дека медитацијата значително го намалува крвниот притисок. Ако верувате во алтернативните начини на лекување, пробајте со акупунктура.
6. Намалете со консумација на алкохол
Ако пиете премногу алкохолни пијалоци, тоа ќе го зголеми вашиот крвен притисок со тек на време.
Препорачана вредност за мажи е 21 единица алкохол во една седмица, а 14 единици алкохол за жени.
Единица е 300 милилитри пиво, мала чаша вино или чашка жесток алкохолен пијалак.