7 Начини како да се ослободите од првутот!

Еве неколку начини како се ослободите од здодевното чешање или лупење и појава на первут:
1- Користете медицински шампони
Обичните шампони се полни со хемикалии кои ја менуваат pH вредноста на темето и го сушат.
Медицинските шампони и самуни на база на катран се вистински пријател на вашата коса.
2- Внимателно со регенераторот и маските
Слободно нанесувајте регенератор и маски од средината кон врвовите.
Но, изоставете го темето, бидејќи регенераторот е наменет за сува коса, а не теме.
Со нанесување регнератор на темето, само му штетите.
3- Ексфолијација
Исто како на кожата на телото, така и кожата на скалпот бара темелно лупење на мртвите клетки.
Користете маска за пилинг на косата барем еднаш неделно.
4- Користете тоник
За да спречите појава на црвенило и лушпи на темето, користете тоник на природна база.
Тоникот навлегува длабински и ја чисти кожата и делува антивоспалително.
5- Убавината почнува однатре
За да очекувате само со надворешен третман да имате природна и здрава коса, треба да сте во голема заблуда.
Многу е важно да внесувате витамини и омега -3 масни киселини, кои се достапни не само преку исхраната туку и со суплементи.
6- Нанесувајте масло
Има многу есенцијални масла на пазарот, кои буквално ја обожуваат вашата коса.
Нанесете масло од кокос и јојоба и вашата коса ќе ви биде благодарна
7- Консултирајте се со лекар, ако е потребно:
Често пати кога алтернативно не можете да се справите со темето на главата, време е да побарате помош од лекар.
Најверојатно ќе добиете третман со стероиди или кортизол, а во некој случај дури и антибиотик. Сè за поздрава коса!